Реклама
CelebrityНовости

Новак Ѓоковиќ конечно се огласи, прв пат откако е негативен на коронавирусот – реши да каже сé што му лежи на душа!

Реклама

Новак Ѓоковиќ се обрати до јавноста по првиот тренинг откако беше позитивен на коронавирус

Тој ги откри неговите планови

Маркетинг

Тој тренираше заедно со Виктор Троицки на своите терени во Дорчула. најдобриот тенисер на светот веќе некое време се наоѓа на мета на критиките на бројни светски медиуми, па сега конечно реши и самиот тој јавно да го прокоментира таквиот однос кон него.

Маркетинг

Во последно време гледам само критики, многу од нив злонамерни. очигледно дека постои нешто повеќе од критика, како да постои некоја агенда, како да е лов ма вештерки. Мора некој да падне, некоја личност, некое големо име да биде главен виновник за се“ изјави Ѓоковиќ.

Уште не знае дали ќе игра на „УС опен“, изјави тој за српскиот „Спортски журнал“.

„Вашингтон сигурно не играм, Синсинати во план. Учеството во Гарос засега е сигурно, а во план се и Мадрид и Рим. Новиот начин на бодување коректен“ додаде легендарниот тенисер откривајќи дел од своите планови.

Да потсетиме, откако беше откриено дека неколку учесници на Адрија турнирот имаат Ковид 19, Ѓоковиќ како превенција направи тест и резултатите покажаа дека и тој е позитивен. Во прашање е хуманитарен турнир кој беше организиран најпрво во Белград, па во Задар, а еден од иницијаторите беше Новак Ѓоковиќ. Бугарскиот тенисер Григор Димитров настапи и на двата турнири, но во Задар, по мечот со Борнa Ќориќ се повлече бидејќи не се чувствувал добро. Во неделата на социјалните мрежи објави дека е позитивен на КОВИД-19, па турнирот веднаш беше прекинат.

По ова се тестираа и Новак и неговата сопруга Јелена кои исто така беа позитивни на вирусот.

Тие се придржуваа до пепораките од докторите, беа во изолација и за десетина дена беа негативни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button