Реклама
MAMAКафе муабет

Ноам Чомски: 10 начини како се манипулира со луѓето

Реклама

Еден од највлијателните светски интелектуалци, американскиот лингвист Ноам Чомски, претставени се 10 стратегии за манипулација преку медиумите.

Пренасочување на вниманието

Презаситете ја јавноста со неважни информации за луѓето да не размислуваат и да не добијат издржани сознанија за да разберат што навистина се случува во светот.

Маркетинг

Создавање проблем

Треба да се создаде проблем за дел од јавноста да реагира на него. На пример, да се предизвика и пренесе насилство со намера, за јавноста полесно да го прифати ограничувањето на слободата, економската криза и слично.

Маркетинг

Промена на постапување

Промените кои би можеле да предизвикаат отпор, ако би биле изведени наеднаш и во краток временски период, ќе бидат спроведени со мали чекори. Така светот се менува со текот на времето, без да ја буди свеста за промените.

Одложување

Уште еден начин за подготвување на јавноста на непопуларни промени е да ги најавите многу порано. Луѓето така не ја чувствуваат одеднаш сета тежина на промените, бидејќи претходно се навикнале на идејата за промените. Освен тоа и „заедничката надеж за подобра иднина“ го олеснува нивното прифаќање.

Употреба на детски јазик

Кога на возрасните им се обраќате со детски говор, се постигнуваат два корисни резултати: јавноста ја потиснува критичката свест и пораката има посилно дејство на луѓето. Тој сугестивен механизам во голема мера се користи и при рекламирањето.

Будење на емоциите

Злоупотребата на емоциите е класична техника која се користи во предизвикувањето краток спој, при разумното пресудување. Критичката свест ги заменува емотивните импулси (бес, страв). Употребата на емотивни регистри овозможува пристап до несвесното, па подоцна можно е на тоа ниво да ги спроведе идеите, желбите, грижите и стравовите или пак да предизвика одредено однесување.

Незнаење

На сиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристапот до механизмите за разбирање на манипулацијата. Квалитетот на образованието на пониските слоеви треба да биде послабо или под просекот за да не може да се премости разликата.

Пофалба на глупоста

Јавноста треба да се поттикнува во прифаќањето на просечноста. Потребно е да се убедат луѓето дека е добро да се биде прост, вулгарен и неук. Истовремено треба да се предизвика отпор кон културата и науката.

Создавање на чувство на вина

Треба да го убедите секој поединец дека исклучиво тој е одговорен за сопствена несреќа, покрај недоволното знаење, ограничените способности или недоволниот труд. Така несигурен и потценет поединец, оптоварен со чувството на вина ќе отстапи од потрагата по вистински пример за својата положба и бунтот против економскиот систем.

Злоупотреба на знаењето

Брзиот развој на науката во последните 50 години создава провалија помеѓу знаењето на јавноста и оние кои го поседуваат и користат. „Системот“, благодарение на биологијата, невробиологијата и практичната психологија има пристап до напредното знаење на човекот и на физички и на психички план.

Поврзано

Back to top button