Реклама
Наши ѕвезди

„Ни се измешаа другарските и професионалните односи“ – Мартина од Дупер призна зошто ја избркале од бендот (видео)

Реклама

Македонскиот бенд Дупер на својата Фејсбук страна ги известија фановите дека Мартина повеќе не е со нив.

Имено, откако на Инстагам профилот ги тргнаа заедничките фотографии со нивната колешка и пријателка, тие се огласија на Фејсбук. Нивните фанови со разочарување ги прифатија делумното распаѓање на бендот, па многумина коментираа негативно на социјалните мрежи.

Маркетинг

„Во животот се случуваат работи кои не можеме да ги предвидиме и кои сакале или не, мораме да ги прифатиме со крената глава. Поради ненадминливи разлики, од денес, Дупер продолжува со променет состав. Голема благодарност до Мартина за сите убави моменти и заеднички успеси изминатиов период. Во оваа прилика им се заблагодаруваме и на Авалон за неколкумесечната соработка. Дупер останува приказна во движење…“ стои во соопштението на бендот.

Откако го објавија официјалното соопштение на официјалниот профил на Фејсбук, останатите двајца од бендот Илчо и Борис објавија нова песна насловена „Пробај да ми бидеш“ која ја претставија со видео со текст од песната.

Маркетинг

Инаку, и последната заедничка песна е генијална!

Како што пренесуваат дел од нашите медиуми, калимерата меѓу Мартина Баракоска и останатите двајца членови од бендот се растурила откако тапанарката решила да замине на еден концерт на познат македонски бенд, а еден член од бендот бил против тоа. Таа иако сепак решила да не оди на концертот (!), и било кажано дека повеќе не е дел од бендот, а потоа следуваше и објавата на Бобан Милошески од Авалон кој на неговиот Фејсбук профил соопшти дека нивната продуцентска куќа нема повеќе да соработува со нив.

„Ни се измешаа другарските и професионалните односи“, изјави Мартина не сакајќи повеќе да коментира на оваа тема, пренесува порталот „Женски магазин“.

„Нема да должам многу, фала ви на сите за целата поддршка досега. Сите работи се случуваат со причина, јас продолжувам понатаму!“ напиша таа на својот профил на фејсбук и објави линк од последната песна на Дупер со неа.

„Само напред!“, „Ваков став и изјава може да има само созреан уметник. Секоја чест, и ти посакувам уште поголеми успеси“ коментираа нејзините пријатели и обожаватели под нејзиното соопштение на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button