Ништо послатко нема да видите денес – најмладиот син на познатиот македонски пејач си доби подароче
Еве како семејството Јовиќ ужива за празниците
Семејството Јовиќ ужива во новогодишните празници, но највесел е секако нивниот тригодишен син Дарин.
Нашиот познат фолк-пејач Ѓоко Јовиќ заедно со сопругата Ивана и нивните четири деца живеат во вистинска семејна идила.
Тие пред три години го добија нивното четврто дете, Дарин, а покрај најмалиот член ги имаат и Михаил, Јоан и ќерката Теодора.
Познатиот пејач никогаш не криел дека семејството за него претставува најголемо богатство, а на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Инстаграм често можеме да видиме како заедно со сопругата уживаат со нивните наследници.
Овој пат нивни заеднички фотографии објави сопругата, а од нив можеме да видиме како нивните деца се радуваат на пакетчиња.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
На една од фотографиите се гледа како Ѓоко го држи својот најмлад син во рацете, додека тој му се радува на пакетчето, а објавија фотографија и од сестричката Теодора која ужива со своите помали братчиња.
Фото: Инстаграм
Пејачот објави фотографија и од најстариот син Михаил, како свири на флејта, горд што неговиот наследник тргнал по неговите стапки.