Ништо од свадбата на Дарко и Марина – ја избрка кај родителите во 9 месец од бременоста
Пејачот повторно во центарот на вниманието
Познатиот пејач Дарко Лазиќ кој за помалку oд месец дена треба да стане татко, ја остави својата свршеничка која е во деветтиот месец од бременоста.
Како што пренесуваат српските медиуми, Марина веќе месец дена живее во семејниот дом откако Дарко и соопштил дека не планира да се жени, туку само да го признае детето.
Според извори блиски до медиумите, првите несогласувања настанале откако Дарко ја напуштил болницата и почнал повторно да излегува, но и да консумира алкохол. Поради овие причини неговата бремена свршеничка не можела да го поднесе, па решиле дека е најпаметно да се врати кај своето семејство. Сто пати му кажала дека на нивното дете им треба здрав татко, кој ќе се грижи за нив, а не пијаница, изјави изворот, а пренесе порталот Еспресо.рс.

Тој исто така додава дека пејачот се повеќе излегува во последно време и наместо да биде со неговата бремена девојка, која тешко ги поднесува трудничките денови, времето го минува по кафеани заедно со своите пријатели.

„Два дена се сакаат, па два дена не зборуваат“, вели изворот и додава дека од нивната свадба, која сите со нетрпение ја очекуваа, најверојатно нема да биде ништо.