Екстравагантната Лејди Гага, во последните месеци привлекуваше големо внимание со својот бурен љубовен живот.
Но таа очигледно не е во врска со Купер…
Последните неколку недели, па и месеци, прочитавме бројни текстови во кои Лејди Гага (33) беше главната причина за пропаѓањето на бракот на Бредли Купер и Ирина Шајк, но и дека нивната врска наводно била причината што таа ја раскина веридбата со Кристијан Карин (50).
Но според магазинот „People“, кој прв ги објави и папарацо фотографиите, Гага сега е во љубов со инженерот за звук, 37-годишниот Ден Хортон.
Таа е фотографирана како ужива со него на тераса во еден познат ресторан во Лос Анџелес и страсно разменуваат бакнежи. Од фотографиите на папараците се гледа дека новопечениот пар уживаше во вечерата во познатиот ресторан, и беа толку опуштени што воопшто не им пречеа погледите на љубопитните минувачи и гости што во тој момент беа во нивната непосредна близина.
Според магазинот „People“ кралицата на скандалите и Хортон соработуваат од 2018 година. Тој е сопственик на консултантска фирма за аудио-инжиеринг, а порано соработувал со бројни познати имиња како Браун Маркс, Џастин Тимберлејк и бројни други.
По бурните месеци пејачката очигледно решила да ја „смири топката“ и го пронашла својот мир со новиот избраник, а од заедничките фотографии можеме да видиме дека кога е со него не ја трга насмевката од лицето.
Фотографиите можете да ги видите тука.