Нина и Борко блескаат заедно, но овој мал детаљ на фотографијата нема некој што не го забележа
Новиот министер Борко и неговата сопруга Нина во едно од најубавите изданија што сме ги виделе досега
Министерот за спорт Борко Ристовски ги воодушеви сите
Сопругата на новиот министер за спорт Борко Ристовски, Нина, на Инстаграм објави фотографија со која ги воодушеви сите.
На фотографијата и Нина и Борко изгледаат убаво, а она што веднаш го забележаа сите е дека сопругата на министерот која по втор пат се оствари во улога на мама пред нешто повеќе од година дена посебно блеска во ова звое елегантно издание.
Таа за оваа пригода носеше преубав фустан во маслинесто зелена боја, со длабок шлиц и деколте со „V“ израз.
Инстаграм/ Нина Ристовска
На фотографијата и Борко блескаше покрај својата сакана, облечен во костум во слична нијанса, а многумина го забележаа и скапоцениот часовник што поранешниот голман го носи на раката.
Инстаграм/ Нина Ристовска
Тој не крие дека скапите часовници му се слабост, па во една прилика кај Стефан Лазаров зборуваше отворено за ова своја љубов:
Секаде каде што сум играл си купувам еден часовник и имам една убава колекција од часовници кои што и се драги. Ги носам затоа што навистина ги сакам, квалитетни се и убави, а љубител сум на Ролекс, вели Борко во ова свое интервју од пред некое време во подкастот кај најпознатиот македонски јутубер, Стефан Лазаров.
@stefanlazarov Борко Ристовски има колекција на Ролекс часовници 🤩 #lazarovpodcast #borkoristovski #rolex #fyp