Реклама
Наши ѕвезди

Никој не прашува за мајката на малата Вања и за нејзината сестричка – што ние како луѓе ќе направиме за нив?

Нашата позната актерка Весна Петрушевска се огласи и испрати апел до јавноста, но и до власта...

Реклама

„Мајката и сестрата на Вања се во тешка здравствена состојба“

Познатата македонска актерка Весна Петрушевска сподели на својот Инстаграм профил информација дека мајката на убиената Вања, како и нејзината помала сестра, не се во добра здравствена состојба.

Како што соопшти таа, сестрата на Вања имала здравствени проблеми со срцето, додека мајката со дишењето.

Маркетинг

„Од целата оваа колективна траума заборавивме на мајката на жртвата Вања и на нејзината сестричка. Од проверени извори, од прва рака знам дека нејзината сестричка имала операција на срце, а мајката исто така е во тешка состојба, со проблеми со дишење“, вели Весна во ова свое обраќање на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

„И многу зборувам за злосторниците, да, така треба, но ги заборавивме жртвите, а во овој случај тоа се и нејзината мајка и нејзината сестричка.

„Тие се живи мртовци, тагата е огромна. Нашата општествена одговорност е просто, на многу ниско ниво“, кажа Весна.

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска

Весна се прашува што ние како луѓе, како општество ќе направиме за семејството, затоа што „тие не се виновни“, вели таа.

„Жртвата никогаш не е виновна. Просто не се виновни, и не треба да ги заборавиме. Сега сите забораваме за камерите, сите зборуваме за „ситроенот“ сите зборуваме за прес-конференцијата, никој, ама никој, не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка. Никој“, вели Весна.

„Ова јас го доживеав многу страшно, многу трауматично“ изјави Петрушевска, а потоа додаде дека таа се уште има трауми по она што и се случи на нејзината малолетна ќерка заради што веќе со годни не спие.
„Ние немаме систем како да помогнеме на овие луѓе“ заклучува Весна со апел до јавноста пред да коментира да не го заборави семејството на Вања, кое моментално поминува низ неопислива болка.

Потсетуваме, малата Вања Ѓорчевска беше грабната од влезот во својата зграда на 27 ноември, а истиот ден е и убиена.

Нејзиното тело е пронајдено на 3 декември во селото Бразда во близина на Скопје, а за грабнувањето и убиството осомничени се пет лица, меѓу кои е и нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски. Тој го негира делото додека осомничените посочуваат дека тој му ги давал информациите на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, кој моментално е во екстрадиционен притвор во Турција.

Овој трагичен настан ја потресе јавноста и тоа не само во Македонија, туку и во регионот и привлече големо внимание во медиумите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button