Никој НЕ можеше да остане рамнодушен на хемијата што се случуваше помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер на сцената на Оскарите
Лејди Гага и Бредли Купер со настапот на Оскарите ги воодушевија сите
Лејди Гага со песната „Shallow“ од филмот „A Star is Born“ го доби својот прв Оскар за Најдобра оригинална песна, а нејзиниот настап заедно со актерот Бредли Купер на сцената ја воодушевија публиката. Тие ја изведоа песната со многу емоции кои предизвикаа бурни реакции кај сите, а твитерџиите дури и се шегуваа на нивна сметка коментирајќи дека „Купер само што ја напушти сопругата за Лејди Гага“.
https://twitter.com/JezzaMxwll/status/1099871041541685249
Lady gaga and Bradley Cooper #oscars pic.twitter.com/ZoNnz2ynmo
Маркетинг— Reece (@maddiwaterhouse) February 25, 2019
Thinking about how Bradley Cooper and Lady Gaga have to go back to their seats and act like they didn’t just eye fuck on stage in front of Irina pic.twitter.com/qL2vJwZq7U
— Ria (@BarstoolRia) February 25, 2019
Но, токму манекенката Ирина Шајк беше меѓу првите која стана и им аплаудираше на прекрасниот перформанс, а по изразот на нејзиното лице се познава дека е пресреќна поради големиот успех на Бредли.
Инаку Гага на церемонијата се појави во гламурозна црна тоалета од модната куќа Александар Меквин без прерамки и со нагласени колкови која што ја „фураше“ со високи црни кожени ракавици и гламурозно парче накит поради кое беше во центарот на вниманието.
Во прашање е огрлица од најпознатата продавница за дијаманти на светот, „Tiffany & Co“ во вредност од 30 милиони американски долари поради големиот жолт дијамант од 128 карати кој пред повеќе од 140 години во Јужна Африка го најде основачот на брендот Чарлс Луис Тифани.
Но, нешто што е можеби дури и поинтересно од неверојатната цена на оваа огрлица е фактот што пред Лејди Гага истата огрлица последна ја носеше баш Одри Хепберн и тоа во 1961 година, за време на турнејата во која го претставуваше култниот филм „Појадок кај Тифани“.