Реклама
Наши ѕвезди

„Никој не знае низ што проаѓаме“: Панчо ДНК со ЕМОТИВНА ПОРАКА – не му е лесно

Реклама

Македонскиот музичар откри со што сѐ се соочуваат музичарите и колку мака стои зад добрите спотови, песни и настапи.

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

Владимир Блажев или Панчо ДНК долги години е дел од музичката сцена на Македонија како дел од дуото ДНК. Но, овен тоа, ангажиран е и како диџеј.

ДНК постои 20 години и се вистинки пример за ите групи кои за кратко време се распаѓаат, дека посветеноста се исплати.

Како артисти со претходно музичко искуство и образование (Андреј има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК – Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“.

Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

Панчо стана диџеј во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други.

Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти.

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

Панчо важи за човек со големо срце, кој се труди да помогне секому кога е потребно.

Со своите хумани гестови и поддршката на различните професии, од кои многумина бегаат, Панчо доби многу позитивни коментари и поддршка од фановите.

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

Инаку, музичарот долги години е во брак со сопругата Маја, со која ги имаат двата сина Андреја и Марјан.

Вели дека неговите деца се скромни, но дружељубиви. Среќен е што се добро воспитани, но и што се занимаваат со спорт.

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

На својот Инстаграм профил тој сподели фотографија на која позира навечер, среде улица, додека вее нег кој направил и снежна покривка.
Фотографијата инаку е направена на Стража.

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

Во опис тој напиша со што сѐ се соочуваат музичарите.

„Сите мислат дека работа на артистите е лесна но никој не знае низ што се проаѓаме.

Многу непроспиени ноќи, иљадници километри поминати и безброј борби со себе.

Позади таа ( STAGE ) насмевка не секогаш зрачи насмевката која ја гледаш.

На крајот од денот и ние сме само обични луѓе“, напиша Панчо.

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button