Пејачката Драгана Мирковиќ ги изненади своите фанови
По цели три години дискографска пауза познатата пејачка своите милионски обожаватели ги изненади со нова песна.
Царицата на фолк музиката на Јутјуб ја пушти песната насловена како „Замена“ која за помалку од еден ден има повеќе од половина милион кликови.
„Во изминативе години преслушав многу песни, но ова ме освои на прво слушање, така што не сакав ни да ја чекам есента кога обично се промовираат песните туку решив да ја објавам сред лето. Ова е мојата прва соработка со Млаџан Динкиќ додека со Милошевиќ Маре (авторите на песната) веќе имам соработувано. Одвај чекам да почнам да ја изведувам песната на концертите и да ја видам реакцијата на публиката, бидејќи се што правам го правам за нив и поради нив“ – изјави Драгана Мирковиќ пред која е богата летна сезона исполнета со концерти од кои еден од најзначајните е оној што ќе го одржи на Ушче, на 23 август оваа година.