Вера Ванг, 70-годишната американска дизајнерка која се прослави со дизајнирање венчаниците, изгледа апсолутно неверојатно.
Неодамна таа сподели неколку нејзини фотографии за време на карантин на плажа во Мајами. Корисниците на социјалните медиуми беа шокирани од нејзиниот изглед.
– Таа има 70 ??? прашал еден корисник на Твитер, споделувајќи фотографија од неа во спортски градник . Твитот наскоро стана вирален и сите наскоро почнаа да коментираат за младешкиот изглед на Вера.
– Што пие? Крв на еднорог – додаде уште еден. Поранешната лизгачка, која ќе го прослави својот 71 роденден на 27 јуни, неодамна за Харперс Базар изјави дека веднаш по Париската модна недела, таа престана да работи заедно со нејзиното „модно семејство“ со кое работи и самата се става во карантин.