Никол позираше во костим за капење и ги запали социјалните мрежи – нејзиното тело изгледа неверојатно и во петтата деценија
Телото, темниот тен и тенката половина и се заштитен знак
Никол Шерзингер (42) секојдневно вежба и со своите објави на Инстаграм ги мотивира и своите фанови да го прават тоа.
Благодарение на нејзините тренинзи во теретана и вежбање јога, пејачката и во петтата деценија изгледа неверојатно, а на нејзиното тело дефинитивно можат да и завидуваат и двојно помлади девојки.
Никол и со последните фотографии што ги сподели на Инстаграм покажа дека заслужено го носи епитетот една од најсексапилните жени на светот.
Таа на нив позира покрај базен, заедно со една пријателка, а во центарот на вниманието е нејзиното мускулесто тело во син дводелен костим за капење.
„Првата слободна недела по долго време“’, напиша Никол под фотографиите со кои ги воодушеви своите фанови.
Инаку, познатата пејачка неодамна се најде во центарот на вниманието откако и беше хакиран профилот. Непознато лице потоа објави „пикантни“ фотографии на нејзиниот профил, кои наводно се фотомонтажа и кои за половина час беа тргнати од нејзиниот Инстаграм профил.