Никол Кидман објави фотографија со својата сестра – обожавателите изненадени колку си личат
Познатата 52 годишна актерка Никол Кидман, која моментално можеме да ја гледаме во втората сезона од серијата „Mали лаги“, никогаш не криела дека е многу поврзана со нејзината помлада сестра Антонија (48).
Таа посебна врска измеѓу сестрите имавме прилика да ја видиме и преку една од нејзините последни објави на социјалните мрежи, каде Никол под заедничките фотографии напиша: „Толку заеднички живот. Сестринска љубов. Те сакам Ант“.
Инаку Антонија е новинарка и водителка, и мајка на дури шест деца. Покрај силните обврски таа во април дипломираше право, а постарата сестра веднаш се пофали со нејзиниот успех. Антонија и тогаш доби посвета на Инстаграм, а покрај фотографијата пишуваше: „И честитам на својата драга сестра која дипломираше право. Учење, одгледување и воспитување на шест деца, и почеток на нова фаза во кариерата, и сето тоа го прави со толку љубов. Сакав да и оддадам почест“, напиша Никол на социјалните мрежи.
Покрај фотографијата со сестрата, Никол објави и фотографија и со мајката Џанел и слободно можеме да кажеме дека и Антонија и Никол ја наследиле убавината од неа.
Покрај убавината, сестрите ги поврзува и фактот дека во моментот се во своите втори бракови. Антонија во 2007 година се раздели од сопругот со кого 11 години беше во брак и со кого имаше четири деца, а од 2010 е во брак со Крег Маран со кого доби уште две деца.
Никол Кидман пак, додека беше во брак со колегата Том Круз од 190 до 2001 година, тие посвоија уште две деца.
Во бракот пак со музичарот Кит Урбан, кој трае и денес, Никол заплови во 2006 година и имаат две ќерки.