Реклама
Холивуд

Никол Кидман во потполно непрепознатливо издание – претера со ботокс, обожавателите шокирани од нејзиниот изглед

Реклама

Никол Кидман ги изненади сите кога се појави на доделувањето на филмските награди во Италија.

Таа изгледаше потполно непрепознатливо на 65-тото меѓународно доделување на наградата „Taormina Film festival“ на Сицилија каде на бината се појави и како една од добитничките. Но она што најмногу го забележаа нејзините обожаватели и сите присутни на настанот беше нејзиниот изглед. Многумина одвај ја препознаа поради младешкиот изглед на лицето, а и од фотографиите се гледа дека Никол премногу го затегнала лицето.

Маркетинг

Познатата актерка порано негираше дека има направено било какви естетски корекции и во медиумите постојано истакнуваше дека нејзиниот добар изглед е резултат на здравиот начин на живот.

Маркетинг

„Искрено, на мене е се природно. Користам само заштитна крема за сончање и не пушам. Се грижам за себе колку можам повеќе и горда сум што можам тоа да го кажам“, изјави тогаш познатата актерка. Но не помина долго време по ова интервју, таа сепак призна дека користела ботокс.

„Имам пробано многу работи, но покрај спортот и добрата исхрана малку од тоа е има ефект. Имам пробано дури и ботокс, но не ми се допадна како ми изгледаше лицето по третманот. Повеќе не користам и повторно можам да го поместам челото“, изјави во една пригода убавата актерка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button