Ми го скрши срцето…
Морав да те пуштам… Никогаш не ти се заблагодарив… Мислев дека нема да можам да живеам без тебе. Тој ден кога си отиде, моето срце запре… Но, денес повторно почнува да чука. Ми го скрши срцето, го отвори. Во него влезе светлост. Ме донесе до таков очај што немав друг избор освен потполно да го променам својот живот. Тоа и го направив. Мислев дека со тебе ќе остарам, но понекогаш животот за нас има поинакви планови.
Никогаш не престанав да те сакам и никогаш нема да престанам. Кога некој ќе ти го допре срцето, тој останува засекогаш во него. Бев преполна со бес и болка. Ме јадеше и уништуваше. А тогаш сфатив дека мене не ме уништува љубовта. Љубовта не е уништувачка сила. Ме уништи тоа што мислев дека е љубов, тоа што го сакав од неа. Сакав со тебе да бидам едно, но тоа не беше нашата судбина.
Нашата љубов беше поинаква – од типот на љубов која ослободува, која ни подарува нов живот, која не преобразува и која не учи на нови патишта. Оваа љубов доаѓа како духовен учител и не учи многу повеќе од било кој среќен крај. Затоа не жалам за ниту една секунда која сум ја поминала во неа, ниеден момент кој сум го посветила на тебе… Нашата љубов ме разбуди, ме преобрази и ми ги отвори очите за она кое никогаш не би го видела без неа.