Новости

„Никогаш не сум слушнала за Александра Пријовиќ“ – еве што вели пејачката на „Скитница“ за успехот на снаата на Брена

Advertisement

Хрватската јавност се уште е заинтригирана од српската пејачка Александра Пријовиќ, снаата на Лепа Брена која успеа во Загреб да има успешни настапи и наполни дури пет Арени.

Многу познати пејачи дадоа видување за овој успех на Александра, а позната хрватската пејачка Јасна Злокиќ откри дека никогаш не слушнала за Пријовиќ, но и честиташе на успехот.

Advertisement

Фото: Фејсбук

„Никогаш немав слушнато за таа Александра Пријовиќ додека не излезе веста дека наполнила пет Арени во Загреб. Секоја чест за неа поради тоа! Дефинитивно е завиден успех! Можеби досега не сум слушнал за неа бидејќи не слушам таква музика, но секако ако гледаме како пазар, тогаш таа постигна навистина голем успех“, изјави хрватската пејачка.

Advertisement

Таа додава дека пејачите што можат да наполнат пет Арени се познати по својата работа низ времето,  постоењето и почитта.

„Па не знаев дека некој може да излезе од чиста мира и да наполни толку Арени. Таа ме заинтригира и послушав неколку нејзини песни и дојдов до заклучок дека тоа не е мој стил и едноставно не го чувствувам. Не затоа што го сметам за помалку вреден, туку е звук што не го преферирам“, изјави Злокиќ во емисијата „Во доверба на Невен Цигановиќ“.

Фото: Јутјуб

Оваа хрватска пејачка ја паметиме по песните како „Скитница“, „Јас сум твој единствен пријател“, „Адио бела“, „На брегот“, „Земи ме“, „Патишта на ветрот“…

Јасна Злокиќ е родена на 15 март 1955 во Вела Лука. Нејзиниот прв голем хит е песната Скитница, напишана од Рајко Дујмиќ, која ја има изведено на Сплитскиот фестивал во 1984 година. Од 1980-тите, таа издаде 12 албуми под големите југословенски и хрватски издавачки куќи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button