Никогаш не би помислиле дека можат да бидат пар – Бред Пит во врска со 25 години помлада колешка?
Ова не е прв пат познатиот актер да го поврзуваат со некоја жена по разделбата од Анџелина Џоли, но гласините овој пат би можеле да се точни.
Имено, Бред Пит (55) по разводот од Анџелина Џоли (44) досега го поврзуваа со многу жени, а меѓу нив и со духовната советничка Сат Хари Калсон која беше една од последните дами за кои се шушкаше дека е во врска.
Но во последно време актерот се почесто се појавува на исти настани како и неговата колешка Алија Шокат (30) која со ова дојде во центарот на вниманието.
Познатиот холивудски актер неодамна беше фатен со неа кога се враќаа дома од една забава. Како што пренесуваат странските медиуми, парот наводно се дружи веќе неколку месеци. Во моментот тоа не е ништо сериозно, но никогаш не се знае што може да се случи, посебно во таков сплет на околности.
https://www.instagram.com/p/B49Ay1Bg6Ga/?utm_source=ig_embed
Имено, Бред од Анџелина со која има шест деца се разделија во 2016 година и од тогаш со жена официјално се нема појавено ниту еднаш.
Тоа значи дека во секој момент би можело да се случи холивудскиот шармер да влезе во нова љубовна авантура, а бидејќи со младата актерка имаат многу заеднички работи, што ги поврзуваат, навистина големи се шансите нивниот однос да не остане само на пријателска база.