Реклама
Наши ѕвезди

Никогаш не била посреќна – Каролина ги спакува куферите и замина на романтично патување со Михаил, како да е на меден месец

Реклама

Нашата позната, убава и шармантна пејачка замина на романтичен одмор со сопругот.

Иако со текот на годините на македонската сцена се појавија многу нови имиња, Каролина остана една и единствена, пејачка на која секоја песна и е хит.

Маркетинг

Со оглед дека битолчанки се познато по нивната убавина, но и дека се дотеруваат макар и за на кафе на „Широк сокак“, се чини дека и за Каролина тоа е навика која не се менува, па каде и да се појави таа изгледа беспрекорно и тоа без многу напор.

Со оглед на тоа дека корона кризата малку попушти, па може да здивнеме, Каролина ги спакува куферите и заедно о својот сопруг замина на одмор во Грција и тоа на островот Крф.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Каролина и сопругот избрале вила со базен пред која е сликана Каролина во прекрасен бел фустан и убава, но и уникатна ташничка.

Маркетинг

Таа на Инстаграм покажа дека ужива во романтична вечера и чаша вино со својот сопруг, а посебно во очи падна фотографијата од Каролина во костим за капење.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Од самиот старт кога се појави, па се досега Каролина има витка фигура која не се менува, а со текот на годините таа само созреа и изгледа поубаво од кога било досега.

Каролина во 2017 се омажи за познатиот уметник Михаил Корубин, а свадбата беше организирана на уникатна локација-Аеродромот Стенковец.

Во неколку наврати таа зборуваше дека двајцата уметници функционираат одлично и дека двајцата имаат флексибилно работно време и може да одлучат кога ќе одмараат или кога ќе работат.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Каролина во една пригода за својот приватен живот ќе изјави дека нејзиниот брак изгледа како и на секоја нормална жена.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, изјави пејачката во едно нејзино интервју за естрадниот магазин „Ексклузив“.

Каролина неодамна издаде и нова песна „Идила“ и најава за цела една плејада песни во тој стил.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button