Никогаш видена фотографија од поранешната мисица на Македонија – еве каква беше пред 27 години
Исплива стара фотографија од поранешната мисица на Македонија
Вера Мештеровиќ, која важи за една од нашите најубави жени, позираше во костим за капење и со својот изглед многумина воодушеви.
За неа велат дека е симбол на природната убавина, а на нејзиното беспрекорно тело ретко кој може да остане имун.
И секогаш кога ќе објави фотографии на кои позира во вакво издание следува лавина од реакции и сите се согласни дека изгледа неверојатно.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Нашата позната водителка и поранешна мисица на Македонија заради својата неверојатна линија изгледа како да не старее.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Вера во 1997 година беше првата Мисица што ја преставуваше Македонија на официјалниот светски избор за убавина, а со своите фотографии што речиси секојдневно ги објавува, покажува дека и денес, по речиси три децении од почетоците на нејзината кариера како манекенка, таа се уште блеска и го освојува вниманието на јавноста со својот природен шарм.
Нејзиното тело е неверојатно и често предмет на комплименти во коментарите, а таков беше случајот и сега.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Таа во 1996 година беше Мисица на Македонија, а заради нејзиниот изглед се уште ја гледаме во бројни кампањи.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Манекенката долги години беше во брак со фудбалерот Игор Кралевски и од овој брак ги доби своите две деца, синот Андреј и ќерката Јована.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Тие се разделија пријателски и останаа во добри односи, не сакајќи да прават сензација од нивниот приватен живот.
Како Вера изгледаше на почетокот од својата кариера, но и како изгледа денес, погледнете во продолжение…