Никогаш видена фотографија од младоста на Благоја Грујовски – еве како изгледал пред 30 години
Пејачот отсекогаш важел за еден од најдобрите...
Фотографијата е од една негова турнеја во Америка
Благоја Грујовски (61) важи за еден од нашите најдобри фолк-пејачи кој во својата кариера има испеано бројни хитови.
На нашата сцена е присутен повеќе од три децении, а една од првите песни ќе ја сними во далечната 1993 година.
Како што самиот откри во една пригода, неговата музичка кариера започнала сосема спонтано.
Принтскрин/ Јутјуб
Имено Благоја во тоа време свирел саксофон со групата „Мераклии“, а работел и како новинар во Македонското радио.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тие некако успеале да се најдат на листата на „Цветници“ во 1993 година, но во последен момент имале проблем со пејачот.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
И тогаш Благоја буквално го внесуваат во студио, тој да ја испее песната, а му се нашло при рака и кавалчето и така ја снимиле песната.
Но Благоја набргу ја напуштил групата и продолжил со новинарската кариера, се додека неговиот татко, Мате Грујовски, инаку познат македонски композитор на новосоздадени фолклорни песни, истата година не го убедил задно да снимаат песна.
Станува збор за песната „Јано мори Јанике“, која беше дел од „Фолк хитови на Мате Грујовски“ од 1994 година.
Како изгледал Благоја тогаш, на една своја изведба на својата прва песна во МТВ во емисијата Неделно попладне, но и десетина години подоцна на неговата турнеја во САД, погледнете во продолжение: