Реклама
Наши ѕвезди

Никогаш, ама никогаш ќерката на Заев не изгледала олку добро – уште едно издание на Заева кое НИКОГО не остави рамнодушен!

Реклама

Ќерката на премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во преубаво летно издание.

Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Александра Заева не ретко споделува фотографии со своите обожаватели на социјалните мрежи. Па така откако неодамна ги воодушеви сите со своето матурско издание во кое блескаше во преубавиот црн фустан (види тука), наследничката на Зорица и Зоран Заев овој пат „фураше“ фантастично летно издание составено од фустан во смарагдно зелена нијанса во кој изгледаше беспрекорно.

Во прашање е женствен и елегантен модел без ракави, со затворено деколте и „ремен“, а Заева го носеше со пуштена коса и интересна алка на рацете, додека целото издание го заокружи со розов кармин и шик модни додатоци.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Инаку, смарагдните нијанси се популарни веќе неколку сезони и бројни брендови ги имаат на своите полици. Во прашање е боја која им е омилена и на многу познати дами, а доколку не сте ја пробале досега, можеби токму сега е вистинскиот момент тоа да го направите. Но доколку сакате да го усвоите овој тренд, но не се гледате во оваа кралска смарагдна нијанса од глава до пети, тогаш започнете со мали чекори и бирајте детали – оваа боја совршено ќе изгледа и на чанта, чевли или пак само здолниште или блуза во оваа нијанса.

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Александра?

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button