Сузана Турунџиева е една од нашите најубави и најпознати водителки, но зад нејзината успешна кариера стојат долги години макотрпна работа.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Освен што е максимално посветена на кариерата, таа е грижлива мајка и баба.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Сите што ја познаваат знаат дека Сузана е позитивна, посветена и секогаш насмеана. Има посебна енергија која ја прави единствена.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Водителката сега сподели фотографии со нејзината пријателка и покажа како уживаат.
Имено таа посвети убава порака во која потенцираше колку за неа е важно пријателството.
Никаде да не одиш со грд човек… Со грд човек секаде ќе ти биде грда работата. Ќе си земеш некој убав човек со голема сенка и насекаде свртен. Од која страна да го погледнеш, оттаму да му се гледа лицето. На сите страни да има лице. И тој не мора ништо да зборува, ами остави го само до тебе да стои.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
ПОКРАЈ УБАВИОТ ЧОВЕК И ТИ ЌЕ БИДЕШ ПОУБАВ. Оти се рекло: Убавината секогаш изгледа невино иако најмногу гревови носи. Само убавината прави пазар. Петре М.Андреевски.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева