Ниедна веселба не може да помине без неа – песната „РОЗО МОЈА“ пред 20 години никој не ја знаеше, а сега се пее на секоја свадба
Нема свадба, нема веселба во Македонија која може да помине без песната „Розо моја“ од Ибуш Ибраимовски. Создадена е пред 20 години, но хит стана пред некое време.
Својот видео запис го доби дури во 2016 година. Во спотот главната улога ја игра ќерката на близок пријател на Ибраимоски, а снимен е во стариот дел на Охрид.
„Не е чудно што песната стана хит по скоро две децении, почудно е што ова воопшто е прв спот во мојата долгогодишна кариера. Имам многу песни, меѓу кои поголем дел се хитови, но за ниедна песна досега не сум снимил спот. За ’Розо моја’ си реков дека ќе направам спот, бидејќи песната заслужува. Делот во Охрид се снимаше со Ивана, која уште кога бев на турнеја низ Австралија, ја запознав и се договорив со неа кога ќе дојде во Македонија да ми гостува во спотот. Искрено се радувам за спотот, зашто и јас и песната го заслужуваме ова“, изјави музичарот во една пригода за весникот „Вест“.
Во интервју за „Женски магазин“ пејачот откри дека прво ја одбил оваа песна, па истата им била понудена на фолк- пејачите Горан Тодоровски и Душко Георгиевски кои не прифатиле да ја пеат. Кога втор пат ја слушнал, дури тогаш sфатил дека е создадена за него.
– По некоја чудна концинденција, композицијата повторно стигна до мене. Ја преслушав уште еднаш, и веднаш ме „уби“ текстот на Огнен Неделковски, кој одлично прилегаше на музиката на Тоде Спасовски. Ја снимив и решив со неа да настапам на фестивалот „Тетовски Филиграни“ во 1996 година. И таму наидов на некој чуден отпор. По првото пребројување на гласовите бев пласиран на петтата позиција. Но, отткако брат ми кој беше дел од мојот бенд, иницираше повторно пребројување на гласовите, излезе на виделина фактот дека сум оштетен. Грешката се исправи и ја делев првата награда – се присети Ибраимовски.
По победата песната останала незабележана од публиката и од медиумите.Не била во ниту една номинација за награди кои се делеле во тоа време. Дури пред 15 години се најде во конукренција за „Хит на деценијата“.
– Последниве неколку години со овој хит ги отварам сите свадбени веселби. На моите настапи ја пеам неколку пати. Многу сум изненаден што кога ќе ја слушнат, особено младите доживуваат еуфорија. Посебно ми е драго што песната на своите концерти ја пеат и српските ѕвезди Харис Џиновиќ и групата „Амадаеус“ – открива пејачот за „Женски магазин“.
ФОТО: Ибуш Ибраимовски/Фејсбук
ФОТО: Ибуш Ибраимовски/Фејсбук
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива