Реклама
Холивуд

Нивните родители се билионери, а тие штедат за да си купат нова куќа – славната актерка си ја отвори душата

Реклама

Никола Пелц оваа недела ги сподели своите планови во врска со заштедата на пари за да купи семеен дом заедно со сопругот Бруклин Бекам.

ФОТО: Принтскрин

28-годишна наследничка објасни дека парот се надева дека во иднина кога ќе имаат деца ќе ги расат Лос Анџелес поради работните обврски, а моментално се обидуваат да соберат средствата за нивната „куќа од соништата“.

Таа потекнува од исклучително богато семејство, таткото на Никола, бизнисменот, Нелсон, вреди 2,7 милијарди долари (2,2 милијарди фунти), додека нејзиниот сопруг потекнува од Бекамови кои се милионери.

ФОТО: Принтскрин

Во разговор со Cosmopolitan UK за изданието април/мај, Никола објасни дека таа и Бруклин (24) би сакале да основаат семејство во Њујорк, но одлучиле да работат во ЛА.

Маркетинг

Таа кажа: „Во еден момент имавме куќа во Лос Анџелес, но ја продадовме затоа што мислевме: „О, ќе одиме на Флорида на некое време“. Не, само се шегувам, моравме да бидеме во ЛА поради работа. Беше толку глупаво од нас.“

„И сега штедиме пари за да ја добиеме нашата куќа од соништата. Но, ние двајцата искрено го сакаме Њујорк толку многу. Ако нашата работа беше таму, ќе бевме таму за пет секунди“, продолжи таа.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Никола се надева дека ќе остави свој белег во Холивуд со нејзината актерска кариера, додека Бруклин започнува да работи како професионален готвач.

Таткото на актерката Нелсон е активист инвеститор и се збогатил откако ја основал инвестициската фирма Trian Fund Management.

Бруклин е најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид и пејачката која стана дизајнерка Викторија, кои имаат пријавена нето вредност од 450 милиони долари (368 милиони фунти).

ФОТО: Принтскрин

Се венчаа минатата година, младата двојка ја одржа својата свадба во раскошниот имот на Нелсон во Палм Бич, кој се простира на 13 хектари земја и им поглед кон океанот.

За нивнио брачен живот Никола кажа: „Секогаш сме тука еден за друг. Ако не можеме физички да бидеме таму, праќаме пораки или разговараме онлајн. Комуникацијата ни е многу важна на двајцата“.

ФОТО: Принтскрин

Таа истакна ека во инина ќе имаат и деца.

„Имам многу работи што би сакал да ги направам. Окако ќе ги завршам сакам да имам бебе и поле тоа повторно да се вратам на работа.“

Се смета дека Бруклин и Никола живеат во стан во Лос Анџелес, откако го продале домот што го купиле заедно.

Тие се преселиле во нивната прва куќа заедно во јуни 2021 година додека размислувале за преселба, а имотот наводно им вредел 10,5 милиони долари.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button