Реклама
BEAUTYКоса

Не ја фрлајте водата од оризот – не сте ни свесни за се што може да ви помогне

Реклама

Нов тренд со месеци се шири на Инстаграм.

Ако мислевте дека станува збор за нешто фенси, скапо и убаво сте се измамиле ! Овој пат, влијателите и блогерите се „луди“ за ефтин домашен третман! Сè повеќе, на Инстаграм можеме да видиме постови, на пред и после фотографии кои ја слават моќта на оризовата вода и тврдат дека ја прават косата убава.

Поборниците на овој метод се жени со кадрава коса, склони кон сушење, но водата што останува после готвењето на ориз, наводно, може да им помогне на скоро сите дами да ја обноват косата после сончање.

Маркетинг

Инаку, овој третман ги има своите корени во старата јапонска ју-ту-традиција, во која жените во Јапонија со векови користеле оризова вода за да ја зајакнат својата тенка коса и да го забрзаат нејзиниот раст. Интересно е што тајната на нивната неприродно долга коса им ја должат на оваа состојка жените од племињата во познатото кинеско село Хуанглу, познато и како „Земја на златнокоса“.

Денес е официјално докажано дека аминокиселините, витамини и протеини кои се наоѓаат во оризот, всушност можат да имаат корисен ефект врз квалитетот на нашата коса. Водата од ориз содржи и инозитол, јаглени хидрати што ја враќа оштетената коса, но исто така ја штити од лоши надворешни влијанија.

Маркетинг

Фото: Истаграм

Оваа „супстанција“ е природна, безбедна и нема никакви несакани ефекти. Ја подобрува состојбата на косата на целосно здрав начин, ја прави мазна, мека и го додава неговиот волумен.

Ако сакате сами да го пробате овој трик, рецептот е едноставен – исплакнете половина чаша ориз, а потоа истурете го со 2, 3 чаши вода и оставете го околу половина час. Потоа користете ја оваа вода наместо кондиционер, но запомнете дека треба да трае најмалку 20 минути. Потоа исплакнете како и обично.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button