Реклама
Home Sweet Home

Не чувајте туѓо ОГЛЕДАЛО во домот- Ако ги правите овие работи ќе ве прати ЛОША СРЕЌА…

Во средниот век, на болните никогаш не им било дозволено да се приближуваат до огледалата, бидејќи огледалата можеле да „пренесат“ болест на веќе слаба личност

Реклама

За огледалото како предмет се поврзани многу суеверни верувања, едно од најпонзатите е дека ако скршите огледало ќе ве прати седум години несереќа.

Но постојат и други работи кои се пренесуваат како верувања помеѓу луѓето , а се однесуваат за тоа како треба да постапувате со огледалото.

Маркетинг

Каде да го чувате дома, како да постапите со испукано огледало, што да правите со старо наследено огледало итн. Ваквите верувања датираат уште од дамнина.

Маркетинг

 

Во средниот век, на болните никогаш не им било дозволено да се приближуваат до огледалата, бидејќи огледалата можеле да „пренесат“ болест на веќе слаба личност.

 

Старо огледало, наследено од некој или оној што припаѓал на поранешните станари на вашиот дом, исто така може да биде причина за проблеми.

Што да правите со старото огледоло кои ви се плетка низ домот, а не го користите?

Често во нашите станови можеме да најдеме многу непотребни стари работи што сме ги добиле од претходните сопственици на станови или се сеќавања на нашите предци. Стариот мебел може да се фрли или продаде. Но, каде да ставите старо огледало? Како „правилно“ да го извадите од станот, притоа избегнувајќи лоша среќа?

– Ако сте суеверен, тогаш никогаш не треба да фрлате старо огледало во ѓубре. Може да пукне или да се скрши, што е знак на несреќа во куќата.

– Никогаш не чувајте туѓи огледала во станот. Ако ви го оставиле претходните сопственици, најдобро е да го извадите. Огледалата ја апсорбираат целата енергија. Во случај претходните станари постојано да се расправаат, целата оваа негативност ќе се пренесе на новите.

– Не го фрлајте во ѓубре. Друго правило за суеверните луѓе е дека огледалото треба прво да се завитка во црна крпа пред да го извадите од станот, а потоа внимателно да го потпрете на кофата. Потоа, треба да “фрлите” три механизми сол на неа. Ова ќе ја отстрани вашата „енергија“ од огледалото.

– Не го давајте старото огледало на другите. Бидејќи огледалото ја апсорбира вашата енергија, тоа е лош знак дека ја пренесувате на други. Можете да го „испратите“ под млаз вода, и дури потоа да го извадите и да го оставите покрај кантата за ѓубре или да му дадете на некого. Вашата енергија ќе биде „избришана“.

– Скршеното огледало не треба да се фрла во ѓубре. Ако вашето огледало е скршено или распукано, „најбезбеден“ начин да се ослободите од него е да го закопате во земја. Важно е дека тоа е место кое никој не го посетува или барем не е зафатено. Се верува дека на овој начин ќе спречите несреќа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button