Реклама
MAMAКафе муабет

„Не чини кога жената е премногу паметна“ – Колку треба да се смали за да ја собере во раката на еден Балканец?

Реклама

Живееме во општество кое смета дека жената не може да биде успешна без маж покрај себе. Од жената очекуваат таа да биде и жена и маж, мајка и сопруга, љубовница и пријателка, молер, тапетар, возач, готвачка…..

Во доцните 20-ти години од животот, оваа нерамномерност во зрелоста е највидлива. Жената е веќе зрела личност, подготвена за мајчинство, за создавање семејство, трча на две, три работи, што би рекле бабите „не е седната од сабајле“.

Маркетинг

Завршила факултет, па магистерски студии, па можеби и докторат, ги положила сите можни стручни испити, одамна се во врска, но сепак, таа го чека него да се одлучи кога најпосле ќе ја земе за жена.

Мажот е роден незрел, незрел ќе биде до доцните 50-ти години и таков ќе си влезе во климактериум. Таа ќе му биде мајка, тетка, сестра, другарка, мајка на неговите деца. Тој на децата ќе им биде другар. И веројатно никогаш нема да биде присутен.

Маркетинг

Мажите, условно кажано, ги делам во две групи, а ниту една од нив не знае како да се справи со силните жени: првата им припаѓа на мамините синови, оние кои веднаш би пуштиле солза доколку ги погледнеш попреку, но сепак во жената ја бараат мајка си, а другата група се оние кои навикнале да бидат „алфа мажи“.

Таквите покрај себе секогаш имаат некоја убавица која изгледа прекрасно, не зборува многу, не се буни додека тој живее во правилото „оженет сум, живеам како ерген“, нема сопствени амбиции и на социјалните мрежи се фали исклучиво со неговите достигнувања од типот „докториравме“, „добивме унапредување“ и слично.

А што доколку жената случајно успее? Што доколку полета, се вивне нагоре, ги рашири крилјата, ги изговори на глас мислите и доколку започне да ги користи своето знаење, искуството и силата која спие во неа, убиена од секојдневните тегоби и она чувство на вина дека доколку случајно успее, мажот ќе се чувствува несигурно?

Дали дојде време да избришеме половина од сè она што сме, што го знаеме, што можеме и смееме, за да бидеме „нормални“ жени и да се вклопиме во ова општество?

Колку пати досега ви се случило на мажите да им биде непријатно бидејќи имате повеќе знаење од нив на некоја тема? Колку пати во ова општество сте се почувствувале како Алиса во Земјата на чудата, затоа што сте културни, воспитани, образовани?

Мене безброј пати ми се има случено да слушнам: „Не чини кога жената е премногу паметна“ или „Ти си премногу образована“.

Поради сè што наведов, често пати се прашувам: колку жените на Балканот треба да се смалат, за да ги собере во машката рака?

Не знам навистина, ниту пак би сакала да знам. Решението не е да се смалиш себеси, со цел некој да се чувствува доволно голем покрај тебе. И ниту една круна, принцези мои драги, не е претешка, само нечии раце се преслаби да ја носат.

Извор: Позитиван став

Поврзано

Back to top button