Реклама
MAMAКафе муабет

“Не тагувај. Сé што си изгубил доаѓа пак во друга форма“

Реклама

Руми живеел во 13-тиот век, но неговите поеми се вистинити и  безвременски.

Еве неколку од нив:

Маркетинг

„Месечината свети кога не ја избегнува ноќта.“

„Она што го бараш, истовремено те бара и тебе.“

Маркетинг

„Дозволи убавината на тоа што го сакаш да биде убавината на тоа што го правиш.“

„Вчера бев паметен, па сакав да го сменам светот. Денес сум мудар и сакам да се сменам себеси.“

“Не тагувај. Сé што си изгубил доаѓа пак во друга форма“.

„Ова е твојот пат и само твој. Другите можеби ќе одат по него со тебе, но никој не може да го изоди наместо тебе.“

„Кога ќе почнеш да одиш по патот, патот ќе се појави пред тебе.“

„Уметноста на знаењето е да знаеш што да игнорираш.“

„Ти немаш душа. Ти си душа. Ти имаш тело.“

„Престани да се однесуваш како да си мал. Ти си универзумот во екстатично движење.“

„Одговори на секој повик кој го возбудува твојот дух.“

„Единствената убавина која трае е убавината на срцето.“

“Подигни ги твоите зборови, не твојот глас. Дождот е тој што прави цвеќињата да растат, а не грмотевиците“.

“Сé во универзумот е внатре во тебе. Барај се од самиот себе“.

“Дали ќе станеш патник на патот на љубовта? Првиот услов е да станеш потполно смирен како прав и пепел“.

“Блескај како цел универзум да е твој“.

“Постојат илјадници начини да клекнеш на колена и да ја бакнуваш земјата и постојат илјадници начини да одиш повторно дома“.

“Збогувањата се за оние кои љубат само со нивните очи. Бидејќи за оние кои љубат со своето срце и душа, нé постои разделба“.

Зошто остануваш во затвор, кога вратата е ширум отворена?

“Пророците ја прифаќаат сета агонија и веруваат дека водата никогаш не се плаши од огнот“. “Тоа што го бараш, те бара тебе“.

“Игнорирај ги оние што те прават тажен и те исполнуваат со стравови, до тој степен што те деградираат кон болест и смрт“.

“Бидете сигурни дека во религијата на љубовта нема верници и не верници. Љубовта ги прифаќа сите“.

Поврзано

Back to top button