Не се само плод на фантазијата – Еднорозите навистина постојат и еве кај можете да ги најдете
Митското суштество навистина постои, но воопшто не личи на бело-розовите коњчиња што летаат на виножито, а кои секојдневно ги гледаме на цртаните филмови или во приказните што им ги литаме на нашите деца.

Окапи (Okapia johnstoni) преставува најпознатиот пример за животно кое од легенда влегло во зоолошка квалификација. Поради тоа окапитото беше симбол на денес непостоечко друштво на Меѓународни криптозоолози, контроверзна дисциплина што ги истражува скриените, митски суштества. Приказната за окапито всушност преставува класичен случај на животно што побудува интересирање на криптозоолозите – своевремено му посветија големо медиумски внимание, посредни докази и нејасни описи, а во потрага по него тргнале научните аматери и авантуристи од целиот свет.
Произлезе дека денес на планетата живеат околу 20 илјади окапија кои во главно можат да се најдат во тропските шуми во Конго. Тој мистериозен вид, кој долги години беше сметан за таканаречен африкански еднорог навистина постои, а тоа може да се види и од голем број зоолошки градини низ светот во кои денес има околу 150 окапитија.

Во прашање е африканско животно кое има пруги како зебра, но најблизок сродник е со жирафите и влегува во категоријата на таканаречените живи фосили. Пред 1900 година, окапито не било познато на западниот свет и научниците. Официјално како вид е признато во 1901 година.
Окапито било познато животно на старите Египќани. Пронајдени се древни изрезбани слики во Египет на кои е претставен лик на окапи.




