Не се знае која од која поубава, и двете во страсно црвено – познатите Македонки во најубавото издание што сме ги виделе досега!
Две колешки и два прекрасни фустани – кој е поубав?
Ирена Спировска објави неколку заеднички фотографии со нејзината колешка Адријана Алачки.
На фотографиите носат преубави црвени фустани во кои и двете блескаат и со кои никого не оставија рамнодушен.
Тие во ова издание се појавија во емисијата „Везилка“, а фотографии од настанот и двете објавија на нивните Инстаграм профили.
И додека црвениот фустан на Ирена ја следи линијата на телото и е со должина до колената, нејзината колешка за оваа пригода носеше сличен, но малку подолг модел.
Магијата и на двата фустан се крие во проѕирните делови кои покриваат различни делови од телото и изгледаат романтично.
Покрај ова издание Алачки на својот Инстаграм профил објави уште неколку прекрасни креации во кои што блескаше во последно време.
Од друга страна Ирена со малиот црвен фустан на вистински начин ги истакна своите атрибути и изгледаше гламурозно.
Таа целото издание го зачини со црвени високи потпетици и нејзината виткана коса врзана во пунџа.
Повеќе фотографии од овие две наши познати и шармантни дами погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Адријана Алачки
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Адријана Алачки
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска