Реклама
Наши ѕвезди

Не се знае која од која е поубава – Сузана Манчиќ објави фотографија со нејзините ќерки, а ОВОЈ ДЕТАЉ сите го забележаа!

Реклама

Три грации, три убавици

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Поранешната југословенска лото дама, Сузана Манчиќ, празниците ги помина во Грција со сопругот, а неодамна изјави дека ќе биде тажна што нема да биде со ќерките Теодора и Наталија. Но овој пат таа објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која е заедно со нив,

Нејзината постара ќерка почесто можеме да ја видиме во медиумите, додека помладата не сака да се експонира. Но овој пат фановите на Сузана можеа да ги видат сите три грации заедно, а како изгледаат погледнете во продолжение.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Теодора и Наталија убавината ја наследиле од својата позната мама, па следуваа бројни комплименти и ласкави коментари на сметка на нивниот изглед.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

„Прекрасни сте сите три“, „Убавици“, „Апсолутна среќа“, „Три грации, три убавици“, беа само некои од коментарите на бројните фанови на Сузана.

Маркетинг

„Потполно сум среќна кога сме заедно… Моите ќерки и јас“, напиша Сузана.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Помладата ќерка Наталија е вистинска убавица и на Инстаграм многу пати ја споредуваат со Анџелина Џоли.

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

Но Наталија воопшто не размислува да тргне по стапките на нејзината позната мајка. Таа студира фотографија на Академијата за уметности се занимава со уметнички фотографии и на тоа е целосно посветена.

– Кога не ми ги кинат нервите прекрасни се , напиша Сузана Манчиќ на Инстаграм во една прилика за своите наследнички.

За потсетување, ќерката на Сузана, пејачката Теодора Куниќ беше во брак со 20 години постар маж.

Но Теодора по година и пол се разведе од австрискиот бизнисмен Франц, па се врати да живее во Србија.

Фото: Инстаграм/ Принтскрин

Нивната љубов траеше скоро пет години, а ја крунисаа со брак во Лос Анџелес откако Франц претходно ја запроси во Виена.

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

Но кога Теодора сфати дека сопругот не го гледа како татко на своите деца, реши да ја напушти брачната заедница,

„Кога спознав дека нашиот брак не е она што го сакам и што го барам, не сакав за џабе да го трошам своето и неговото време. Темпераментна сум и страсна личност, понекогаш по малку и нагла, но оваа одлука не ја донесов лесно. Живеевме на релација Сан Франциско- Виена, и во еден момент почна да ми пречи таквиот начин на живот, бидејќи бев апсолутно посветена на сопругот. Две-три години тоа ми годеше, но на крај сфатив дека тоа не ме исполнува и дека нема да бидам среќна, посебно што сум далеку од семејството и пријателите. Затоа решив да се разведам и се вратив во Србија“, изјави Теодора во една пригода за магазинот Глорија..

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button