Не се знае која е мајка, а која ќерка: Вака се забавуваат Мелита и Барбара Ракичевиќ, гори Инстаграм од нивните фотографии!
Поранешната водителка која плени со својата убавина деновиве ужива на одмор со својата ќерка.
Шармантната поранешна водителка Мелита Ракичевиќ е познато ТВ лице, а сега заедно со својата наследничка заминаа на одмор и објавија неколку видеа и фоографии на кои никој не остана рамнодушен.
Распеани и насмеани и двете се забавуваа а според објавите не се знае која е ќерка која е мајка.
Младата Барбара порасна во вистинска убавица, па тргна по стапките на мама Мелита и работи како водителка за „Бекстејџ‘, но има талент и за пеење.
Двете убавици за одмор го избраа Егејското крајбрежје, во еден од најпознатите грчки ресорти, каде уживаат во секој миг од своето слободно време.
Море плажа и костим за капење се совршена комбинација и кога над сето тоа ќе се додадат две убавици, тоа е „рај за очи“.
Барбара и Мелита често заедно одат на одмори, а така беше и за време на зимскиот одмор кога двете заминаа во Маврово.
Младата Барбара е активна на социјалните мрежи и често знае да покаже дека иако многу млада има беспрекорен стил и убавина
Нејзините фанови се воодушевени што на Инстаграм изгледа потполно смирено и природно на своите фотографии. Таа е позната и како една од поскромните девојки кога се во прашање децата на познатите, иако е девојка која има многу добар стил и изгледа како вистински топ-модел.
Таа неретко знае да направи и селфи во костим за капење и да ги воодушеви сите со својата природна убавина.
Погледнете уште неколку Инстаграм фотографии од оваа прекрасна млада дама која дефинитивно убавината ја аследила од мама Мелита.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ