Реклама
Наши ѕвезди

Не сака да открие колку заработува, но и пречи „евтината роба“ што пее во дијаспората – Елена распали по своите колешки од естрадата

Реклама

Некој ќе се препознае во нејзините зборови…

Елена Велевска важи за една од најплатените фолк пејачки во Македонија. Но токму оваа позиција понекогаш и прави и проблем, па така таа за тоа се пожали и неодамна во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“. Имено таа е револтирана од своите колешки кои преку ноќ сакаат да заработуваат како неа, па така кога треба да настапува на некоја свадба, и тие сакаат да добијат хонорар колкав што добива и таа.

Маркетинг

„Има колешки кои што вчера почнале и сакаат со една одредена точка да бидат дел од самата таа прослава и веднаш јас имам проблем со оние кои што ме договараат на свадба и тоа баш со тие поевтината роба. Ама оваа се буни зошто твојот хонорар е толку, сака и нејзиниот да е толку, а со кое право се буни таа?“ се прашува познатата пејачка.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Велевска меѓу другото ги критикуваше и оние нејзини колешки кои кога одат низ дијаспората настапуваат за многу мал хонорар, или воопшто и не се платени, туку настапуваат само за да се прошетаат. Но како што вели таа, тие на овој начин не се однесуваат како професионалци и ги рушат критериумите кои некој со години наназад ги поставил.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Инаку, Елена важи за една од најплатените пејачки на македонската фолк сцена, а најмногу пари заработува од хонорарите што ги добива од своите турнеи меѓу нашата дијаспора. Но таа неодамна во интервју за весникот „Слободен печат“ не сакаше да открие колку заработува.

„Никогаш не сакам јавно да зборувам за тоа колку имам, што имам, примитивно ми е. Живееме во земја во која просечна плата е 200 евра и повеќе од безобразно е јас или кој било да се расфрла со сума на пари и да биде трн во око. Јас сето ова што го имам, го имам заработено, мојата кариера трае повеќе од 20 години. Не сум опседната со тоа што го носам дека мора да е бренд. Носам парчиња гардероба од брендови кои се достапни за сите. Еден од најголемите животни успеси е од она кое што сакате да го работите да знаете пари да направите и да можете да живеете нормално, пристојно. Се исплати доколку вложуваш, јас во мојата кариера многу вложувам и тоа ми се враќа, мојата публика го препознава тоа“, изјави Велевска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button