Реклама
Нега и здравје

Не сака да го вакцинира своето дете откако првиот син се разболел од аутизам – Иван Пернар го шокираше целиот Балкан!

Реклама

Текст што хрватскиот политичар Иван Пернар го сподели на социјалните мрежи. Го пренесуваме во целост.

„Долго време ги гледав родителите како се борат за слобода на избор, меѓутоа, кога сфатив дека договор со системот не е можен и дека оние што се залагаат за вакцинирање не сакаат да им ја дадат таа можност, решив да ја сменам стратегијата. Наместо за „информирана согласност“, „безбедни вакцини“ и „одложување на вакцинацијата“, започнав да се залагам за отфрлање на вакцините, како метод на превентивна здравствена заштита. Ако системот е радикален за мене како родител, тогаш ќе бидам радикален и јас кон него. Ако не постои можност за договор, постои можност за отпор и тоа е она што го направив и во мојот личен и на политички план. Јас веќе немам намера да се расправам со нив, нема да го вакцинирам моето дете без оглед на составот на вакцината, информациите што ми ги даваат или одложувањето во давањето на вакцината.

Маркетинг

Всушност, договор е секогаш можен, нека признаат дека мојот прв син се разболе од аутизам поради вакцина и нека ми платат 75 милиони куни оштета за неговото нарушено здравје. Кога ќе сторат тоа, тогаш можеме да седнеме на маса и да разговараме за составот на вакцини, календарот за вакцинирање и сите други теми поврзани со вакцинација.

Јас не сум глупав, ниту ќе дозволам некој да прави будала од мене, а тоа се однесува и за производителите на вакцини. Што се однесува до советот за родителите на заболените деца, нема никаков компромис со системот сè додека не платат обештетување на децата што ги уништиле со вакцини. Што се однесува до родителите на здрави деца, доколку не им се гарантира слична сума на компензација во случај детето да се разболи по приемот на вакцината, не ги вакцинирајте ни за жива глава“, пишува Пернер на Фејсбук.

Маркетинг

Инаку, во Хрватска постои закон со кој е пропишана казна за невакцинирање на децата и таа изнесува 2000 куни (околу 270 евра). Во Хрватска во 1968 година е воведено задолжително вакцинирање, за разлика од многу развиени земји во Европа, па и во светот, кае вакцините не се задолжителни.

Но исто така во Хрватска постои законска обврска докторите задолжително да пријават секоја нус појава по вакцината, па дури и оние најмалите. Но докторите ова најчесто не го прават, а тоа можете да ги видите од видеото во кое една докторка, чие дете се разболело од автоимуна болест, зборува за нелогичностите и неправилностите во системот поврзани со вакцините. Имено, во Хрватска и покрај законот никој не знае кој е задолжен да спроведе казна за докторите кои не ги пријавуваат нус појавите по примена вакцина, иако законот е дециден – секоја нус појава па дури и сомнеж за истата треба да се пријави. Во нормална држава, ваквите појави би требало да се анализираат и доколку постои некој проблем, вакцината да се повлече од употреба. Од тука произлегува и дека податоците за штета од вакцините во Хрватска не се познати, па во најмала рака она што се изнесува во јавност е неточно.

Имено, системот е направен така што не се води евиденција за нус појавите, иако со законот оние што ја спроведуваат имунизацијата се задолжени тоа да го прават. Откако докторката што разговара со Пернер во видеото го изнела ова во јавноста, почнале да и се јавуваат родители од цела Хрватска кои имале слични проблеми.

Погледнете за што станува збор.

Што мислите, каква е ситуацијата кај нас?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button