Наши ѕвезди

„Не престануваме да се бакнуваме, толку се сакаме“: Весна Бејби ЕМОТИВНА до коска

Advertisement

Таа е една од најпопуларните македонски актерки, а својот талент несебично го дели со помладите и зад себе остава нови генерации млади актери.

Advertisement

Актерката Вена Петрушевска, која во јавноста е позната како Весна Бејби сојата кариера ја започнала кога имала само 14 години. Оттогаш до сега зад себе има многу театарски и филмски улоги.

Во воето гостување во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија таа зборуваше за својата кариера, но и приватниот живот.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Многу од актерите кои зад себе имаат големи успеси почнуваат да стануваат суетни и егоистични, но тоа не е случај и со Весна Бејби, која и покрај големите улоги кои ги имала, сепак црвсто гази на земја и се труди својот талент да го сподели со нејзините ученици од нејзината актерска школа.

„Милам дека треба да имаш многу време да си суетен и да живееш со тој его трип. Јас немам време за тоа. Имам армија на деца кои што ги учам. Второ таа армија деца снима. Создавам генерација млади глумци. Поголемиот дел од нив имаат проекти. Имам работа. Имам нешто што во овој свет, во мојата перцепција, ако ти не оставиш нешто позади себе, ако не го работиш тоа на другите генерација тогаш не знам зошто постоиш“, истакна актерката.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Својата огромна популарност ја стекна со нејзиното ток-шоу Вртелешка, кое достигна голема успех и се емитуваше повеќе години на македонските телевизиски канали. Во нејзините емисии гостуваа најпопуларните ликови од Балканот. Весна откри зошто повеќе ја нема на малите екрани како ТВ водител.

„Балашевиќ има кажано „овие едниве ме забранија, другиве ме заборавија“. Искрено шансите секогаш треба да си ги создаваш сам. За еден таков телевизики водител како мене треба телевизија да те покани, да ти понуди прокет. Тоа се прави стратешки. Кај нас тоа не се прави.

Иако има извонредни убави млади ликови, но мојот софтвер и мојот концепт за телевизија е сосема нешто друго. Има некои обиди, прават некои ток шоуа, не е тоа форматиран квиз. Јас би водела утринско шоу. Тоа е некој формат и тоа во светот се прави во 6 наутро и доаѓа тој што треба да дојде“, истакна актерктата и додаде кои гости добиле или не стигнале да дојдат во емисијата:

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

„Влатко Стефановски, само со него не сум му направила интервју. Сѐ нешто беше зафатен, за разлика од брат му Горан со кој што бев и другарка. И се сеќавам кога правевме 100 највлијателни, требаше да дојде Заев, ама имаше некоја сообраќајка и не дојде. Сите што сум ги сакала сите дојдоа. Тогаш беше многу потешко да дојдат. Јас сите ги имам донесено тука.Тоа е трошок мора да ги мотивираш некако зошто да дојдат. И тоа беа е мега ѕвезди“, кажа Весна.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Освен завидна кариера, Весна е грижлива мајка, која секогаш со многу љубов во очите зборува за нејзините две деца, Кирил и Мина.

Мина тргна по стапките на бејби и глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а има у во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.
Нејзиниот син кој има 18 години замина во Хјустон кај својот татко Јанко Тренкоски да го продолжи своето образование.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Овој момент исклучително тешко ѝ падна на Бејби, која сите емоции ги преточи во статус на Фејсбук.
„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, напиша Весна на својот Фејсбук профил.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Актерката себеси се опишува како рок енд рол мајка, која се труди колку е можно повеќе да влијае децата да пораснат во добри луѓе.

„Јас сакам да кажам за себе деа сум рок енд рол мајка. Кога своето дете го испратив кај татко му во Америка да учи, тоа зборува за мојата несебичност. Ние родителите сме лакот, а децата се стрелата. Колку повеќе ќе го оптегнеш лакот, толку повеќе ќе може подалеку да отиде стрелата. Ја сум многу горда на себе што тоа го направив за Кирил.

Сум строга, сум етична, многу отворено разговарам со моите деца за сите теми. Но, еве со Минче, се смееме, ја гледам како ми одвраќа и смешно ми е. Мина има обичај да ми кажа „леле мамо стварно гњавиш“. Кога ќе помине и ќе и речам „стави мобилните протези“ и тогаш ќе се сврти и ќе ми рече „добро ти немаш друга работа освен да ми повторуваш“ и во право е детето. Се обидувам да влијаам колку што е можно повеќе.

Едвај чекам да помине оваа пандемска итуација и да се вратат децата на училиште оти мислам дека ги осакатија генерации, генерации со онлајн настава. И кога ги земавме децата со мојот бивши сопруг јас едно реков, а тоа е дека кога чуваш деца е многу важно тие да станат чесни и добри луѓе. Тоа е најтешката задача во било која смисла на зборот. И навистина е тешка мисија, но е љубов“, заврши актерката.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Во емисијата и нејзината најдобра пријателка доби можност да ѝ потави прашање на актерката, па ја праша кога мисли да си фати момче, на што Весна одговори:

„Па, кога ќе излезам од дома, прво, второ морам да најдам дечко одлучив да си најдам доктор, ете висок притисок ме фати, некој да ме спаси, да ми помогне, оти уметник ќе мисли дека ништо не ми е, ќе ми помине, затоа доктор, макар бил и ветеринар, ќе знае да се снајде“, е пошегува Весна.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Деновиве таа на Фејсбук напиша интересен статус со кој го привлече вниманието на публиката.
„Сонувам дека се гушкам со еден црномурен лик. Има брада, совршени бели заби.

Сонувам дека не сакам да се тргнам од таа прегратка која ми значи живот. Одиме по некој песочен пат, ми- риса на лаванда… Одеднаш заврнува дожд. Бегаме во првиот хотел, кој ни е блиску до патот. Се слуша шумот на морето. Влегуваме во собата и сè околу нас почнува да лебди. Го допирам по колковите, ја впивам неговата кожа која мириса на бадемово млеко. Ме крева и лесни сме, лебдиме заедно со сите предмети околу себе.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Не зборуваме, само се гледаме. Не престануваме да се бакнуваме. Се бакнуваме сè додека не ни помодрат усните и не сакаме никогаш да престанеме. Го милувам по грбот и ја чувствувам неговата топлина. Ќе се распр- снеме на милион парчиња, толку се сакаме. Од таквата голема милина, страст и радост сакаме да умреме, тука и сега.Извадок од “Трофеј“ време е за нова книга #трофеј
#понеделнички
#црнобело“, напиша Весна.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button