Не поминува свадба без СПАСЕН СИЛЈАНОСКИ ги развесели и гостите на БОМБАКИС! Ден потоа,МАМУРНИОТ МЛАДОЖЕНЕЦ се заблагодари во негов стил со картон
Нивната голема свадба привлече огромно внимание кај јавноста, бидејќи беа присутни многу познати личности
Викендот што измина очите беа вперени во човекот со картоните, популарниот Кристијан Станковски-Бомбакис.
Тој застана на лудиот камен со неговата избраничка Вики Дојчиновска и го кажаа судбоносното ДА!
Нивната голема свадба привлече огромно внимание кај јавноста, бидејќи беа присутни многу познати личности.Гостите на социјалните мрежи објавуваа интесени видеа на сметка на Бомбакис, ноќта очигледно поминала во многу забава .
Ден потоа, мамурен од лудата ноќ, но доследен по она што е препознатлив, неговите картони со натписи, младоженецот испрати благодарност до сите со јавна објава на иснтаграм:
Аууу каков ден! 30.06.2023🥳
Малку ќе звучам себично, ама треба да имаш јака екипа за ваков провод! А мојата екипа е најјака!!!🥳 Фала ви на сите што бевте присутни, од Србија,Шпанија до Битола,Охрид…Фала ви на сите за честитките се потрудив на сите да ви вратам. И фала и на Вики што постои.🥰
Тие добија голем број коверти од гостите, а стендап комичарот Бојан Велевски и водителот Марко Новески решија малку да се пошегуваат.
Имено, тие објавија фотографија со порака на картон на која пишува „Не е сé во парите“, а потоа познатиот комичар додаде:
„Пошо не е сé у парите, Бомбакис дај пликот назад“, му порачаа Бојан и Марко на младоженецот преку Инстаграм.
Тие најпрво направија црковна венчавка, а потоа во еден луксузен скопски ресторан за свадби направија луда журка.
Меѓу присутните гости шмекот на вечерта го направи моментално анјпопуларниот македоснки пејач Спасен Силјаноски со неговиот МЕГА ХИТ „Ќе ти дојдам вечер…“
Невестата блескаше во венчаницата што ја носеше, но и младоженецот кој ги изненади сите со својот необичен костум.