Не помина ни месец откако се роди – еве каде Исаура од „Преспав“ ја однесе ќеркичката
Не помина ни еден месец од нејзиното раѓање, а веќе е со мама во кафеана.
Македонската актерка сподели фотографија со својата ќеркичка, а коментарот на Игор Џамбазов ја засмеа публиката.
Емра Куртишова, актерката која ја има улогата на хигиеничарка во серијата „Преспав“ ужива во мајчинството.
ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова
Летово таа стапи во брак со нејзиниот колега о Театарот за деца и младенци, Петар Стојанов.
Тие претход беа 3 години во врска и вешто ја криеја љубовта.
ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова
Петар ја запросил Емра точно за нејзиниот роденден.
Во јуни годинава направија свадба заедно со најблиските.
ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова
Според фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи, се случила луда и незаборавна забава.
Сите распеани и весели, околу нив зурли и тапани, се чини дека имало одлична забава.
ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова
„Мој си е, си го земав“, напиша Емра на Инстаграм.
Пред скоро 20 дена, Емра на свет ја донесе нивната прва ќеркичка.
Парот се одлучи девојчето да се вика Лена.
На својот Инстаграм профил актерката сподели прва фотографија со Лена и тоа ни помалку, ни повеќе, туку направена во кафеана.
Актерот Игор Џамбазов ги насмеа сите со својот коментар под фотографијата:
„Е ако де. Не мора одма со ракија. Од макалото нека проба ..“.