Не поминаа ни две недели, а Богдан веќе е со друга?! Еве што прави сега поранешното момче на Цеца, пејачката веќе ја заборавил?!
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ неодамна ставија точна на нивната врска.
Тие по година дена љубов решија да свртат нова страница во нивните животи, по што Богдан откако се пресели од кај Цеца, замина да живее под кирија.
Како што пренесуваат медиумите, тој наводно сега живее во стан во Нов Белград, во близина на ресторанот во кој што работи.
Богдан во текот на вчерашниот ден покажа и дека заминал на зимување на Златибор каде е со своите пријатели
Тој објави и една фотографија на која седи со непозната женска личност, со која ужива во зимската идила.
Поранешното момче на Цеца и пред неколку недели подигна голема прашина кога на концертот на Лена Ковачевиќ се појави во друга девојка.
Но тогаш тој појасни дека во прашање е неговата другарка Јелена Јовановиќ со која со години е многу близок.
Инаку, големата љубов што на Цеца и се случи кога најмалку се надеваше сепак на крајот и не траеше многу долго.
Цеца и Богдан се запознаа на роденденот кај заедничка пријателка, а пред нешто повеќе од година дена открија дека се заедно.
Тие долго време беа речиси неразделни, а пријателите за Цеца велеа дека долго време не ја виделе толку среќна.
Тие преку ден уживаа во својата приватност, а навечер во клубовите во кои Цеца настапуваше.
Богдан речиси постојано беше со неа, а како што пишуваа медиумите според извори блиски до парот, тој и ги исполнуваше сите желби, па дури и носел и утринско кафе со ружа во креветот.
Но очигледно во еден момент нешто тргна наопаку, и засега никој не ја знае точната причина за тоа.
Интересно е тоа што Цеца во една пригода, неколку недели пред да раскинат, на новинарите што ја чекаа пред студиото во Ѕвездите на Гранд, на прашањето за љубовта и дали е се океј со Богдан, само кратко одговори:
„Ништо не е океј, катастрофа!“
Дали таа со ваквиот одговор само сакаше да го избегне одговорот на прашањето на новинарот или уште тогаш сакаше да укаже дека нешто не е во ред во нејзиниот емотивен живот, можеби ќе дознаеме еден ден.
И тоа само ако поранешните љубовници решат да прозборат за нивната врска и да ја откријат тајната зошто се разделиле.
Бонус галерија
Љубовта на Цеца и Богдан низ слики
Фото: Инстаграм
Цеца со ќерката на Богдан
Цеца и Богдан заедно на вечерa
Цеца на роденденскта прослава на ќерката на Богдан
Заедно на зимување
Богдан со ќерката на Цеца
На семеен ручек
На концерт
Романтичен одмор
На Кипар...
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ