Колумбиски писател Габриел Гарсија Маркес се смета за еден од најзначајните автори на 20-от век и еден од најдобрите литерати кои твореле на шпански јазик, кој во 1982-та година ја добил престижната Нобелова награда за литература.
Во продолжение прочитајте 13 од неговите најпознати цитати.
„Никој нема да те запамети по твоите сокриени мисли.“
„Сеќавањето на срцето ги брише лошите случувања, а ги зголемува убавите. Благодарение на таа вештина успеваме да го поднесеме минатото.“
„Срцето има повеќе простор отколку еден бордел!“
„ Животот, а не смртта, нема ограничувања.“
„Ниедна личност не ги заслужува вашите солзи, а онаа која ги заслужува нема никогаш да ве расплаче.“
„Само затоа што некој не ве сака онака како што вие би сакале, не значи дека не сте сакани со целото нивно битие.“
„Вистинскиот пријател е онаа личност која ве држи за рака и го допира вашето срце.“
„Најлошиот начин некој да ви недостасува е да седите покрај него и да знаете дека никогаш нема да го имате.“
„Никогаш не престанувајте да се смеете, дури и кога сте тажни. Некој можеби ќе се заљуби токму во вашата насмевка.“
„Можеби сте само една личност на овој свет, но за некого вие сте целиот свет.“
„Немојте да поминувате време со некој кој не сака да го поминува со вас.“
„Можеби Бог сака да запознаете многу погрешни личности пред да ја запознаете вистинската и на тоа, кога ќе се случи, ќе му бидете благодарни.“
„Не плачете затоа што нешто завршило. Смејте се затоа што се случило.“
„Секогаш ќе има луѓе кои ќе ве повредат. Продолжете да верувате, само бидете внимателни.“