Реклама
Вирално

Не очекува најдолгиот полициски час во животот: еве колку ќе трае и што треба да направите пред почетокот на забраната

Реклама

Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16 часот во петок до 05 часот наутро во понеделник.

Тоа се повеќе од 6о часови

Маркетинг

Иако првично ваква мерка беше донесена само за Куманово, полицискиот час што ќе трае повеќе од 60 часа е мерка што сега важи за цела Македонија. Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16.00 часот во петок до 05.00 часот во понеделник.

Што се однесува до миленичињата, граѓаните кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 08:00 часот до 08:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат. Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Маркетинг

Што треба да направите?

Ова значи дека пред се’ треба добро да се организирате и што е најважно да се снабдите со намирници и лекови, како и да го отстраните ѓубрето. За да ги избегнете гужвите што неизбежно се создаваат заради пократкото работно време на маркетите, најдобро е одеднаш и уште од денес да ги купите намирниците што ви се потребни. Еден од советите е да не одите на шопинг без список и, ако е можно, во продавница што веќе ви е позната, бидејќи така пократко време би се задржувале во затворен простор што не е ваш дом.

Истото важи и за аптеките.

За да направите времето колку што е можно да ви биде подобро и побезболно, ако немате тераса или двор, опремете се со книги, филмови и социјални игри за да го поминете времето колку можете поквалитетно.

Она што ви го препорачуваме е да го исфрлите ѓубрето непосредно пред полицискиот час за да имате колку што е можно помалку до понеделник.

Во кои држави има вакви мерки?

Ваквата мерка пред сè ја воведе земјата во која што и се започна, односно Кина, но само во градот Вухан кој се наоѓа во провинцијата Хубеи.

Земјите што први ја воведоа 24-часовната забрана за движење се најголемите жаришта во Европа на вирусот корона – Италија и Шпанија. Покрај овие две земји вакви мерки воведоа и Грција, Либија, Гана, Мали, Буркина Фасо, Јордан, Индија, Саудиска Арабија (во неколку градови), Хондурас, Аргентина, Гренада, Србија и Нов Зеланд.

Првите мерки во Италија беа воведени на 25 февруари, но до 9 март луѓето сè уште можеа да се движат на неодредено време.

Италија целосно беше затворена на 9-ти март.

Оттогаш, само еден член на семејството може да оди до продавницата и да го прошета кучето 200 метри од својот дом. Во Шпанија забраната за движење важи 24 часа на ден.

Продолжен полициски час

Според Одлуката на Владата на Македонија, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.

Имено, Владата донесе одлука да се воведе посебен режим на движење за лицата со попреченост. Тие имаат право да ги напуштаат нивните домови од понеделник во петок во период оф 19:00 до 20:00 часот, додека за време на викедот од 11:00 до 13:00 часот. Мерката за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Согласно одлуката, граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 08:00 часот до 08:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Притоа, истакнаа од Владата, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. Владата го задолжи Министерството за здравство веднаш да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на републиката.

Само одредени маркети за храна ќе работат за време на полициски час

Општинските кризни штабови ќе определат маркети од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа, во деновите сабота и недела, кога на сила ќе целосна забрана за движење.

-За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на Македонија и непречено да го организираат работниот процес.

Ова се дополнителни одлуки, велат од Владата, бидејќи од 8. април 2020 се засилуваат превентивните мерки.

Имено, се забранува движењето од понеделник до петок, од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, како и за време на викенд деновите од 16:00 часот во петок, до 5:00 часот во понеделник.

Луѓето над 67 години, ќе смеат да се движат само двачаса во денот, односно од понеделник до петок од 10 до 12 часот.

Децата и младите на возраст до 18 години, ќе смеат да се движат од 13.00 до 15.00 часот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button