Не, ова не е скеч на К-15: Се степаа група возрасни мажи од ЈП „Паркови и Зеленило“ (ВИДЕО)
Летаа гранки и дрвја, на твитер утрово беше објавена физичка пресметка помеѓу колеги
Утринава на твитер заедницата осамна видео кое предизвика лавина од реакции меѓу корисниците на социјалните мрежи.
Група возрасни мажи вработени во ЈП „Паркови и Зеленило“ приредија вистински циркуз за гледачите.
Овие работници беа уловени во физичка пресметка меѓу купот гранки и лисеја на тукушто соборените дрва.
ЈП Паркови и Зеленило, жестока расправа за “Европскиот Манифест” со дрвја, камења, тупаници и аргументи. Јавната дебата се води пред Зоолошка и се очекува победа на Европскиот фронт, со или без градоначалничката, стои на твитер-објавата.
ЈП Паркови и Зеленило, жестока расправа за “Европскиот Манифест” со дрвја, камења, тупаници и аргументи. Јавната дебата се води пред Зоолошка и се очекува победа на Европскиот фронт, со или без градоначалничката pic.twitter.com/olSSVbVqC5
— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) August 8, 2023
Видеото го пренесуваат како корисниците така и медиумите, голем срам за нашето општество.
Бројни коментри за нивното однесување, многу комични пораки ан сметка на овие работници кои како адолсценти се степаа сред работно време.
За што ли се расправаат овие колеги?
Летаа гранки и дрвја, на твитер утрово беше објавена физичка пресметка помеѓу вработени во ЈП „Паркови и Зеленило“, пишува Скопјеинфо.