Реклама
Новости

Не напушти модниот гениј, но зад себе остави неизбришлива трага – легендарни изјави по кои сите ќе го памeтиме

Реклама

Светот на модата денес доживеа шок кога беше најавено дека легендарниот Дизајнер Карл Лагерфелд почина по кратка болест

Познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд почина денеска во Париз на 85 години. Тој дефинитивно беше еден од најголемите модни дизајнери на сите времиња и остави неизбришлива трага во модниот свет.

Маркетинг

Според „Daily Mail“, тој страдал од рак на панкреасот и почина откако бил одведен во болница. Карл беше многу горд на неговиот здрав начин на живот и неговиот рак дојде како голем шок. Сепак, извори велат дека дизајнерот не зборувал многу за болеста, но храбро се борел. Тој во една пригода изјави дека за него „дизајнирањето значи дишење”, а неговите идеи и креации за Шанел и Фенди се најзабележливи. Постои и негова модна линија, која го носи неговото име.

Маркетинг

 

Лагерфелд е роден во Хамбург, Германија, на 10 септември 1933 година, иако тој никогаш не го објавил датумот на раѓање.

Од најраното детство, тој покажа интерес за мода и дизајн – ги сечеше фотографиите од весниците и ги критикуваше другите што ги носеа во училиште, пишува „Biography“.

На 14-годишна возраст, се преселил во Париз, со поддршка на неговите родители, а по само две години ги поднесе своите скици за натпреварот за дизајн. Потоа се запознал со Сент Лорен, со кого станал близок пријател.

 

Во почетокот, работел со Пјер Балман, подоцна за Клои, а во Шанел и Фенди го остави најголемиот траг.

Во 2015 година ја отвори својата прва продавница за брендови Карл Лагерфелд во Доха.

Да се потсетиме на некои од неговите изјави:

„Суетата е најздравото нешто во животот.“

„Јас секогаш ќе спијам совршено чист. Тоа ми остана уште од детството. Кога бев дете, мајка ми ми велеше: ‘Можеш да се разбудиш во средината на ноќта и одеднаш да умреш. Затоа мора секогаш да изгледаш најдобро што можеш’“

Мислам дека тетоважите се страшни. Тоа е како да си облечен во „Pucci“ фустан. Ако сте млади и згодни, добро, но ако не сте …

„Јас сум како моден нимфоман, кој никогаш не доживува оргазам “.

„Шик е како мајонез, или има добар вкус или не. “

„iPod е генијална работа, имам 300″.

„Немам човечки чувства “.

„Најважна работа во куќата е кантата за отпадоци “.

„Дури и кога бев дете носев вратоврски, исто како и денес.“

Фрустрацијата е мајка на криминалот, и ќе имаше уште повеќе да немаше проститутки и порно филмови во светот “.

Мојата работа е да го озвлечам од луѓето она што тие не би се осмелиле да го извадат.

Ми се допаѓа идејата за лудост во соработка со дисциплина.

Не ми се допаѓа стандардна убавина. Ако нешто не е невообичаено, тогаш тоа не е убаво.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button