Реклама
Холивуд

Не напушти една од најголемите холивудски легенди

Реклама

Кирк Даглас не напушти во својата 104 година од животот

„Моите браќа и јас со тага објавуваме дека Кирк Даглас денес не напушти. За целиот свет тој беше легенда, актер од златната ера на филмовите кои доживеа златни години, хуманитарец чија предност кон правдината и целите во кои што веруваше беа стандард кон кој сите тежнееме. Но на мене и на моите браќа тој беше само татко, на Кетрин и беше прекрасен свекор, на внуците и правнуците сакан дедо, а на неговата сопруга Ен прекрасен сопруг“, објави неговиот син Мајкл.

Маркетинг

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година под името Ишур Даниеловиќ Демски. Неговите родители, Брајна и Херче, во САД се доселија од гратчето Чавуси кој денес е дел од Белорусија. Тие живееја во еврејска заедница во гратчето Амстердам, во сојузната држава Њујорк.

Неговото семејство беше многу сиромашно, живееја покрај пруга, но во својата автобиографија напиша дека неговата мајка имала големо срце и секогаш им помагала на другите и го научила дека дури и просјакот мора да му помогне на другиот просјак, заради што тој подоцна донираше милиони долари во хуманитарни организации.

Маркетинг

Откако ќе го заврши факултетот едно време ќе помине во војната морнарица. За време на студиите ќе започне да се занимава со актерство. На 24 години ќе ја запознае Лурен Бакал која ќе му помогне во актерската кариера, односно ќе го препорача за филмот „The Strange Love of Martha Ivers“. Заради кариерата во Холивуд решава да го смени своето име и набргу во Холивуд ќе стане препознатлив како Кирк Даглас.

Беше во Втората светска војна од влегувањето на САД до крајот на војната 1945. Само неколку години по војната, од 1949 до 1956 дури три пати ќе биде номиниран за Оскар, но ќе успее да го добие дури 40 години подоцна и тоа не како актер, туку за својот придонес во филмската индустрија.

Првата номинација за Оскар ја доби 1950, за улога во филмот „Шампион“, а потоа е номиниран во 1953 за „Лоши и убави“, и повторно во 1957. За улога на Винсент Ван Гог во филмот „Страст со животот“.

Глумеше во дури 75 филмови и беше вистински суперстар и пред да биде измислен овој термин.

Се женеше два пати, првиот брак му беше со Дијана Дин и траеше осум години. Со неа ги има синовите Мајк и Џоел. Подоцна ја запозна Ен Бајденс со која е во брак до крајот на животот и тврдеше дека токму таа е заслужна за неговата долговечност. Со неа има уште два сина – Паул и Ерик.

Во 1991 година ќе преживее хеликоптерска несреќа. Две лица во таа тешка несреќа ќе ги изгубат своите животи, а тој ќе заврши само со повреди од кои брзо ќе закрепне.

Пет години подоцна, во 1996 година ќе доживее мозочен удар од кој ќе ја изгуби моќта на говорот. Тој период од животот ќе го опише во својата автобиографска книга „Удар на среќата“. Ќе ја опише својата здравствена состојба како најтешкиот пекол низ кој човекот може да помине. Тој во својата книга отворено признава дека се мачел со депресија, но и дека излез ќе пронајде во хуманитарната работа.

Кога наполни 102 години изјави дека најголема роденденска желба му е светот да стане подобро место за живеење. „Сакам луѓето едни кон други да бидат пољубезни и да покажат повеќе почитување“, изјави тој. „Имав прекрасен живот и имам фантастично семејство. Благодарен сум на се што животот ми пружи“, ќе заклучи тој тогаш.

Неговиот син, своето обраќање го заврши со зборовите:

„Дозволете ме да завршам со зборовите кои му ги кажав на неговиот последен роденден и кои засекогаш ќе вредат. Тато – те сакам многу и силно сум горд што сум твој син“, напиша Мајкл Даглас во прошталното писмо.

Поврзано

Back to top button