Реклама
Наши ѕвезди

Не му дозволуваа да се ожени со својата сопруга – погледнете како изгледаат денес ќерката и синот на пејачот Дино Мерлин

Реклама

Не сака да зборува за семејството, но има со што да се пофали

Пејачот Дино Мерлин со сопругата Амела со која не му дозволиле да се ожени, има синот Хамза и ќерката Наида, но за нив многу малку се знае во јавноста. Тие не се занимаваат со јавна работа и никогаш не сакале покрај нивниот татко да се провлекуваат низ медиумите.

Маркетинг

Хамза Дервиш Халидовиќ има дваесет и шест години, се школувал во Берлин, а студирал менаџмент и политички науки во Истанбул.

Маркетинг

Иако го нема пред камерите и фотоапаратите, Хамза е еден од луѓето во тимот на Мерлин што се грижат за сите негови проекти. Но она што е мошне интересно е тоа колку личи на својот татко што можете да го видите и самите од фотографијата од младоста на Мерлин.

„Наида е родена кога ја почнував кариерата и во детството има доживеано сé – од немаштија до метафорички кажано ‘кавијар и шампањско’. Но затоа таа навикна на скромен живот па нејзиниот одговор на моето прашање – што да и донесам од Париз или Њујорк секогаш бил: ‘Тато, ти благодарам, имам сé, само ти што побрзо врати се дома’“, раскажа во едно свое интервју Дино, иако општо е познато дека пејачот не сака да открива многу за семејството

Тој во една пригода раскажа и дека пораснал без татко и дека неговата мајка имала поприлично тежок живот.

„Мојата мајка беше несреќна бидејќи само зборуваше за човекот што ја напуштил, кој не ја сакал, а тоа беше мојот татко. Трагична е ситуацијата кога навистина сакаш некого, а тој не ти ја возвраќа љубовта. А мајка ми беше омилена, знаеше да позајми пари за да им помогне на другите. Беше тој ‘бај-пас’ за другите“, изјави во една пригода пејачот.

„Наида не ја интересира материјалното, за разлика од нејзиниот помлад брат. Кога Хамза се роди, повеќе немавме никакви егзистенцијални проблеми и се навикна на тоа Амел и јас да му овозможиме што и да посака. Кога него ќе го прашам што му треба, и не чека да ја завршам реченицата, туку веќе има листа со нарачки што треба да му ги донесам“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button