Веќе долго сте во карантин, нервозни сте и едноставно не можете повеќе ни во огледало да се погледнете? Да, одамна дојде оној ден во месецот резервиран за шишање, но вашиот салон не работи и не можете да си закажете термин.
Оние најхрабрите веќе почнаа да ја превземаат работата во свои раце, да глумат фризери во сопственото купатило без убаво да ја проценат ситуацијата. И после наместо селфиња во изолација, на социјалните мрежи постираат фотографии од детството.
По македонските форуми веќе се појавија муабети дека многу поединци дури молат кај своите фризери да ги отворат салоните специјално за нив. Некои, пак, им нудат и дупла дневница за да им дојдат на домашна адреса и да ги шишаат далеку од очите на јавноста. Не е познато колку од фризерите за некој денар плус го прифаќаат овој предизвик, но едно треба да ни биде јасно – Убавината е важна, но здравјето е најважно!
Затоа тимот на „Гламур“ истражуваше на темава и дозна дека во Скопје сепак има и фризерски салон кој работи во вонредни услови. Менаџментот тврди дека во истиот се превземаат сите потребни заштитни мерки за клиентите и за вработените кои се поврзани со моменталната ситуација. Станува збор за студиото Boshe&Team.
– Нашите вработени се опремени со заштитни маски и ракавици, се врши интензивна дезинфекција на работните површини и на целокуниот алат во салонот, како и дезинфекција на секој клиент пред самиот влез во салонот. Нашиот салон има површина повеќе од 140 метри квадратни, а просторот од едно до друго работно место е 3 метри, па практично на секој клиент му е резервиран безбеден личен простор – информираат тие.
По желба на клиентот, терминот може да се резервира и на начин што клиентот ќе биде единствениот во просторот на студиото во резервираниот термин. Нивното работно време е редуцирано и работат од 10 до 18 часот.
– Едвај чекаме повторно да се дружиме како претходно, но сега секако приоритет е да се заштитиме. Чувајте ни се – порачуваат од Boshe&Team.