Реклама
Наши ѕвезди

Не можеше да издржи, па пушти солзи – водителката на „Најслабата алка“ за најтешкиот период во животот

Нашата позната водителка пред две години остана без своите родители - прво почина мајка и', а по кратко време и нејзиниот татко

Реклама

Важи за една од нашите омилени водителки

Живкица Каленикова (Ѓурчиновска) публиката најмногу ја памти како водителка на македонското издание на познатиот квиз „Најслабата алка“ кој во тоа време беше една од најгледаните емисии.

Живкица важи за една од најпознатите лица од нашите мали екрани. Таа е горда мајка на три деца, од кои најстариот син Даријан има 12 години.

Маркетинг

Таа е во брак со бизнисменот Зоран Калеников и покрај Даријан ги имаат и децата Марко и Ана, а Зоран има уште две деца од неговиот прв брак.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Живкица квизот „Најслабата алка“ го водеше во 2010 година и многумина и денес се сеќаваат на нејзиниот лик во ова шоу.

Таа прв пат пред камерите се појави во 90-тите како водителка на МРТВ на Зимската рекреативна програма, и за брзо време стан една од омилените водителки.

Фото: Инстаграм/ Живкица Каленикова

Живкица пред две години остана без својата мајка, а по само неколку месеци почина и нејзиниот татко.

Како што самата водителка во една пригода изјави, нејзините, кои биле заедно од 16 години, едноставно не можеле да издржат еден без друг.

Фото: Инстаграм/ Живкица Каленикова

Таа со солзи на очите зборуваше за најтешкиот период во животот, и како што вели, тогаш најголема утеха пронаоѓала во своите деца.

„Тој не можеше без неа, тие заедно беа од деца, од некои 16 години“, изјави Живкица сеќавајќи се на нејзините родители.

Таа тогаш со солзи на очите во интервјуто за „Репортер“ откри дека нејзиниот татко починал од тага по нејзината мајка.

„Тоа не се пребродува. Се учите да живеете со болката. Среќна сум што бев дете на голема љубов. Моите беа заедно од 16 години. Утеха наоѓам во миговите дека неизмерно ме сакале. Имав мајка лавица, тука бил и татко ми, ама мајките имаат поинакво присуство кај децата. Утрото со мајка ми правев сосема нормален муабет, а веќе вечерта добив информација дека ја нема”, е само дел од она што со многу емоции и низ солзи го раскажа Живкица тогаш за своите родители.

Фото: Инстаграм/ Живкица Каленикова

Инаку, Живкица во последно време е поприлично активна и на социјалните мрежи каде многу често споделува интересни фотографии.

Фото: Инстаграм/ Живкица Каленикова

Таа и денес е во топ форма и изгледа подобро од било кога, а според многумина нејзиното лице е исто како и на почетокот од кариерата.

Секогаш исполнета со позитивна енергија, Живкица блеска во секое свое издание, а покрај своите обврски секогаш пронаоѓа време и за семејството, и за своите ангелчиња, па важи и за одлична домаќинка, што не го крие и на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Живкица Каленикова

На нејзиниот профил често објавува и семејни фотографии, но и изданија кога блеска, средена од глава до пети.

Некои од нив погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Живкица Каленикова

Фото: Инстаграм/ Живкица Каленикова

Фото: Инстаграм/ Живкица Каленикова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button