Не можат да веруваат дека ова е истата пејачка – Ана Николиќ во овој минијатурен костим за капење изгледа неверојатно
Николиќ нема проблем со вишокот килограми

Познатата пејачка Ана Николиќ сега изгледа подобро од кога било досега, а за тоа сведочат и нејзините Инстаграм фотографии.
Таа повторно почна да носи провокативни фустани и да ги покажува своите нозе на кои сега не можете да најдете ни милиметар несовршеност. Таа замина на егзотично патување и без двоумење се соблече во својот „мини“ костим за капење во кој нејзиното тело изгледаше беспрекорно.
Таа ја сподели следната фотографија на нејзиниот Инстаграм, а под неа веднаш почнаа да се множат позитивни коментари.
Инаку таа реши да се почести себеси и својата ќеркичка Тара со овој скапоцен одмор по подготовките на албумот Клиника.

Таа во моментов ужива на Тајланд, а претходно неколку дена си ги полнеше батериите во Дубаи.

Како што пренесуваат српските медиуми, таа само за хотели, храна и превоз потрошила 20.000 евра.

Сместени се во најскапите хотели, а поприлично пари потроши за себе и ќеркичката и за шопинг во Дубаи.

„Ја обожавам нивната зачинета храна, свежото и слаткото овошје, како и кокосовото млеко. За фантастичното доживување придонесува и прекрасното море, како и плажите од префинет песок, на кои го минувам целото време“, изјави пејачката за Ало и додаде дека тајландските третмани и одговараат многу и дека секогаш од ова место се враќа со минус неколку килограми.