Реклама
Вирално

Не можам повеќе да слушам за КОРОНА…Не се плашам од него туку од ограничените, плитки луѓе

Реклама

Луѓето се плашат од вирус.Кога се плашат од глад.Кога се затворени градинките.Училиштата.Продавниците.

ФОТО: lightstock.com

За што да се пишува, а тоа да не е вирусот.А има. Толку многу.
Има многу повеќе во животот од статистики. Не е ова мој бунт. Да го негирам она од кое се плашам.Преживеавме многу полоши работи од корона.

Преживеавме гранати што паѓаа.Мармалад и маргарин на домашен леб. Маст и пипер.Преживеавме млеко од конзерва.Читање на свеќа.
Играње домино, шах и карти.Преживеавме иритантни звуци на сирена за воздушна опасност.

Маркетинг

И не го минимизирам значењето на еден вирус, но преживеав некои опасни настинки и грип во повоените болници во Република Србија.Преживеавме колони, конвои, центри за бегалци.Преживеавме продавници што не постоеја за сега панично да ги опустошиме оние што се затвораат во шест.

Преживеавме кафулиња со искршени излози во кои немаше никој за да ми пречат овие што затворија малку порано.Преживевме и без училишта. И без градинки.Преживеавме без нашите најблиски.И не се плашам од вирусот.

Маркетинг

Се плашам од луѓето.Ограничени.Плитки.Се плашам од нивната хистерија.Се плашам од незнаење.И ми се смачи.Не можам повеќе да слушам за вирусот.Не можам да ги гледам соседите кои складираат тоалетна хартија и брашно како да тоа ќе нè спаси од сè.Не можам.Не можам да слушам.Не можам бидејќи ова е најубавата пролет во која стигна сè процветано.

И сè мириса на среќа, а не мириса на вирус.Не ја можам оваа масовна хистерија и параноја.Нема да ве убие короната. Ќе се убиете сами себе и пред да дојде вирусот.

Извор: Lolamagazin.com
 

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button