Ново издание на познатата турска актерка
Хурем не престанува да ги изненадува своите фанови со трансформациите што ги прави во последно време.
Познатата турска актерка најпрво беше црвенокоса, па премина во таборот на русокосите, потоа стана црнка, па розова, а сега – кафеава. Таа својата долга коса одлучи да ја „претвори“ во кратка боб фризура, тренд кој веќе со години не се симнува од тронот на најпопуларните.
Новата фризура на 36-годишната Мерјем Узерли и стои одлично, судејќи според реакциите на фановите.
Инаку, на познатата турска актерка најголема слава и донесе главната улога на убавата султанка Хурем со која го освои срцето на обожавателите секаде каде што се гледаше серијата „Сулејман Величествениот“.
Таа тогаш имаше црвена коса, а како изгледаше тогаш можете да се потсетите од фотографиите што следуваат.